Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски на 9 октомври официјално ја отпочнува иницијативата за формирање политичка партија
Македонија

Димитриевски на 9 октомври официјално ја отпочнува иницијативата за формирање политичка партија

28/09/2023

AA

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски вечерва во гостувањето во Само Интервју на Канал 5 телевизија најави официјално потпишување на иницијатива за формирање на нов политички субјект во Македонија на 9 октомври во Скопје.

“На 9 октомври во пресрет на големиот празник 11 Октомври, во хотел Холидеј Ин во Скопје со почеток од 20 часот ќе организираме настан за формирање и потпишување на иницијатива за формирање на нов субјект на политичката сцена во Македонија. Присутните иницијатори од коишто всушност и ќе тргне самата иницијатива се сите досегашни претседатели на здруженијата кои што ги формиравме низ целата држава и очекувам голем број на луѓе истомисленици, независни интелектуалци”, изјави градоначалникот Димитриевски.

Димитриевски ги повикува сите граѓани истомисленици за како што вели, оние коишто мислат дека може нешто позитивно да се случи во Македонија да се приклучат на неговата иницијатива.

“Потребни се промени и факт е дека ние живееме во црно-бел свет во којшто е длабоко политички поделен и ваков нов политички субјект со форма на граѓанско движење и иницијатива, всушност може да доведе и до обединување во државата и да биде сериозен фактор и носител на идната власт. Ние претходно во Општина Куманово успеавме со една граѓанска иницијатива да победиме. Има многу луѓе кои што ќе се појават на оваа иницијатива коишто значат во нашето општество, а всушност никогаш не добиле шанса затоа што политичките системи се со затворени врати за таквите. Таму се оди по системот Јас тебе војводо, ти мене сердаред, секој меѓу себе се наградува. Кај нас квалитетот ќе добие шанса во однос на квантитетот. И многу е погрешен пристапот да се врзуваме околу поединците. Максим не може да биде партија, поединецот е само репрезент на основните идеи кои доаѓаат од политичкиот субјект. Тимот е тој што победува и тимот на Максим Димитриевски победи во Куманово и знае што треба да направи во иднина за да победи во Македонија и Македонија да ја направи посреќно место за живеење”, дополни тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy