Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕВОЈЧЕ СЕ УДАВИ ВО БАЗЕН ВО ГРЦИЈА, РЕАНИМАЦИЈАТА ТРАЕЛА 20 МИНУТИ: Мајката била во дворот, но било предоцна да си го спаси  детето
Регион

ДЕВОЈЧЕ СЕ УДАВИ ВО БАЗЕН ВО ГРЦИЈА, РЕАНИМАЦИЈАТА ТРАЕЛА 20 МИНУТИ: Мајката била во дворот, но било предоцна да си го спаси детето

17/07/2023

AA

10-годишно девојче се удавило во базен на одмор со
родителите во Неа Макри, Грција.

Трагедијата се случила кога девојчето се нурнало во базенот за да ја извади маска за нуркање.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но девојчето не
можело да се спаси.

Еден од лекарите кој се обидел да му помогне на девојчето рекол дека на
детето му извадиле храна од устата додека се обидувале да му го спасат животот.

“Го најдов детето во несвест. Јас и татко ми, кој исто
така е лекар, 20 минути се обидувавме да ја оживееме. Се обидовме и да ја
извадиме содржината од нејзиниот стомак”, рекол тој.

Несреќата се случила нешто по 18 часот во дворот на
станбениот комплекс каде девојчето
си играло со својата другарка.

Во еден момент тоа
останал само во базенот кога другото девојче на кратко отишло дома.

Кога останало
само, девојчето се нурнало во базенот за да ја земе маската,
но од непозната причина отишло
на дното на базенот каде останало
повеќе од три минути.

Управителот на комплексот за медиумите изјавил дека го слушнал другото девојче како вика помош и веднаш
истрчал да ја спаси. Кога пристигнал, девојчето имало
модринки по телото и тешко дишело.
Двајца лекари кои живеат во тој станбен комплекс се обиделе да ја реанимираат,
но безуспешно.

Во дворот била и мајката на девојчето која ги ставала
работите во автомобилот. Тој ден требало да се вратат во Атина, каде што живеат,
пишува Прототема.

Ден претходно, нејзиниот брат близнак и татко и се вратиле
дома, додека таа останала кај мајка си.

Нејзината мајка веднаш повикала брза помош, која на местото
на настанот пристигнала десет минути подоцна. Тие веднаш го пренеле девојчето
во локалната болница во Неа Макра.

Според неофицијални информации, девојчето немало здравствени проблеми и иодлично пливало.

ФОТО: Unsplash/Dim Hou

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44947
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026

Триесет и две пакувања со марихуана биле пронајдени при претрес на пратка наменета за осуденик во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“,

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по убод од комарец, епидемиолозите предупредуваат

10/08/2026

Бројот на лица заразени со западно-нилска треска во Македонија би можел да биде поголем од досега официјално потврдените 20 случаи,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy