Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Давидовиќ вели постапувањето на обвинителството е „несериозно“: Како некој ќе се изјасни за вина ако нема од што да прочита за што е обвинет?
Македонија

Давидовиќ вели постапувањето на обвинителството е „несериозно“: Како некој ќе се изјасни за вина ако нема од што да прочита за што е обвинет?

25/11/2025

AA

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на еден од обвинетите во случајот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остро реагираше на начинот на кој е доставено изменетото обвинение. Тој пред медиумите истакна дека Обвинителството направило сериозни пропусти и дека ваквото постапување го одолжува процесот.

„Во јавноста постојано се слуша дека адвокатите сакаат да одолговлекуваат. Денеска се покажа дека тоа не е така — Обвинителството прави грешки и ја развлекува постапката,“ изјави Давидовиќ.

Според него, клучниот проблем е што интегрираната верзија на обвинението — која, како што тврди, содржи проширена временска рамка во однос на првичниот документ — не била доставена ниту до обвинетите, ниту до нивните адвокати.

„Ние како бранители не сме обвинети. Во судница сме за да ги застапуваме обвинетите, кои мора да знаат за што се гонат. Ниту еден од нив не го добил обвинението. Како некој ќе се изјасни за вина ако не може да го прочита за што е обвинет?“ праша адвокатот.

Давидовиќ оцени дека ваквото постапување е „несериозно“ и го доведува во прашање фер-постапувањето во процесот, особено во момент кога се очекува официјално изјаснување за вината на обвинетите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy