Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Д-р Жан Митрев дава силна поддршка: Клиниката подготвена за комплексни трансплантациски операции
Македонија

Д-р Жан Митрев дава силна поддршка: Клиниката подготвена за комплексни трансплантациски операции

21/02/2026

AA

Д-р Жан Митрев ја дава својата целосна поддршка за иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи дека ова е заложба која ја поддржува уште од самиот почеток на својата професионална работа, веќе повеќе од 26 години. На јавната панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“, која се одржа во Битола, д-р Митрев нагласи дека целта мора да биде трансплантацијата да стане рутинска и секојдневна пракса во земјава, заложба што, како што посочи, ја носи со себе повеќе од 26 години. Според него, темата не е само медицинска, туку длабоко човечка: зад секој пациент што чека орган има семејство што живее во неизвесност, денови што се бројат со надеж и страв, и едно единствено прашање, дали ќе стигне шансата навреме. 

„Токму затоа органодарителството е чин на највисока солидарност и одлука што не спасува „еден живот“, туку може да врати иднина на повеќе луѓе одеднаш. Во таа насока, бројот на пациенти на кои може да им се помогне е голем, а кардиоваскуларната патологија е меѓу водечките области, и од аспект на можност за донори и од аспект на потребата за организиран, мултидисциплинарен пристап. Истовремено, нагласи дека тимот на Клиника Жан Митрев е целосно подготвен за вакви операции, но дека за успех е неопходна тесна соработка и заедничко делување на институциите и струката, бидејќи се работи за комплексни пациенти кои бараат покривање од повеќе медицински дисциплини – поради што, како што истакна, ова е добра иницијатива што тој максимално ја поддржува“, истакна д-р Митрев.

Панел-дискусијата „Органодарителство во Македонија“ беше посветена на надежта, солидарноста и човечноста и отвори суштински теми поврзани со органодарителството, законот и правата, медицинските факти и дилеми, животните приказни на пациенти кои чекаат орган, како и искуствата на оние кои го дочекале повикот за трансплантација. Во рамки на настанот се отвори и прашањето за верата и органодарителството преку ставовите на верските заедници. 

Со учество на врвни лекари, трансплантациски експерти и координатори, како и трансплантирани пациенти и претставници од верските заедници, настанот испрати силна порака дека органодарителството е чин кој спасува животи и дека се потребни знаење, доверба и системска поддршка за трансплантацијата да стане реална и достапна можност за пациентите во Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и

22/09/2026
Македонија

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите

22/09/2026
Македонија

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026
Македонија

ЛЕТОТО СЕ ВРАЌА НА КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ Македонија може повторно

22/09/2026
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА УЧИЛИШТЕ ОД 8 ДО 16:30 ЧАСОТ!? Едносменска настава и дневен престој се клуч за

22/09/2026

Ниту еден наставник со договор на неопределено време не остана без работа по фузијата на околу 450 паралелки во основното

ПОТВРДА ЗА ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Петрушевски за средбите на македонската делегација во Вашингтон

22/09/2026

На телевизија Телма во емисијата „Директно” гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека американската турнеја на

ВО ЊУЈОРК СРЕДБА МИЦКОСКИ-ЈАНША Градиме пријателства, создаваме можности и работиме

22/09/2026

„Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy