Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК со апел: Возачите да имаат зимска опрема и доволно гориво ако патуваат
Македонија

ЦУК со апел: Возачите да имаат зимска опрема и доволно гориво ако патуваат

26/11/2025

AA

Во моментов состојбата со врнежите од дожд кои ја зафатија државата е стабилна, јавува Центарот за управување со кризи.

„Согласно информациите од УХМР, се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, во сливот на реката Треска, реката Радика, реката Сатеска, во сливот на реката Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во сливот на реките Пчиња и Струмица.

Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можна нивна интеракција со површинските води и појава на заезерување.

Апелираме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

Центарот за управување со кризи побара од единиците на локалната самоуправа да ги задолжат јавните претпријатија да ги проверат сите критични локации на кои е можно излевање или поплавување на реките, по најавите за нови врнежи од дожд и снег.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во следните денови, и тоа само доколку е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема, особено на повисоките места и планинските превои. Можно е да се формираат навеви од снег и одредени патни правци во одредени периоди да бидат непроодни.

Потсетуваме дека лицата кои живеат на повисоки места треба навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови).

Во случај на опасност или потреба, граѓаните може да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици – 112 во ЦУК“, велат од ЦУК.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy