Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Циципас го победи Мареј во пет сета, за четири часа и 40 минути во два дена!
Спорт

Циципас го победи Мареј во пет сета, за четири часа и 40 минути во два дена!

07/07/2023

AA

Највозбудливиот меч на Вимблдон 2023, досега, дојде до својот крај, близу 24 часа откако почна. Петтиот носител, Стефанос Циципас успеа да го одбрани својот статус не само против двојниот шампион на Вимблдон (2013, 2016), Енди Мареј, туку и против 15.000 гледачи на „Централниот терен“ со 7-6(3), 6-7(2), 4-6, 7-6(3), 6-4.

За тоа му беа потребни пет сета, четири часа и 40 минути игра, распоредени во два дена. Мечот кој почна синоќа во 21 часот (20 по британско време) ги заинтригира тениските фанови уште тогаш, бидејќи 36-годишниот Мареј направи пресврт. Откако го загуби првиот сет со 7-3 во тајбрејк, возврати со иста мера во вториот, со 7-2, а потоа брејк уште во првиот гејм беше доволен за да го освои и третиот период од мечот (6-4).

Мораше да биде прекинат бидејќи дојде близу 23 часот по локално време, а теоретски тоа требаше да му биде од корист на Мареј, затоа што се соочуваше со грч на ногата. Одморен и охрабрен од поддршката денеска влезе во продолжението со намера да му се реваншира на Гркот за поразот во нивното единствено досегашно соочување на грен-слем, УС-опен 2021 (3-2 за Циципас), меѓутоа не успеа да надвладее.

Во четвртиот сет ниту еден тенисер не успеа да дојде ни до брејк-топка, камо ли реализација, а само два загубени сервиса на Британецот во тајбрејкот донесоа разврска. Петтиот беше решен во третиот гејм, кога Мареј сервираше лошо. Ова беше втора победа на Циципас во третото соочување со Мареј. Во третото коло од Вимблдон ќе игра против Србинот Ласло Ѓере.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy