Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чифлиганец ќе добие многу повеќе од ЕСМ за закуп на топланите
Економија

Чифлиганец ќе добие многу повеќе од ЕСМ за закуп на топланите

17/01/2024

AA

Бизнисменот Ванчо Чифлиганец и „Адора“ ќе добијат повеќе од двојно за годинешното изнајмување на топланите Исток и Запад за потребите на ЕСМ Производство на топлина за обезбедување на парно греење на скопјани.

Според одлуката за „определување на регулиран максимален приход“, кој го побарал ЕСМ, а го одобрила Регулаторната комисија за енергетика, на „Адора“ како на сопственик на топланите за една година наем ќе му се исплатат 900.000 евра.

Овој договор стапува на сила од 1 ноември лани и ќе трае една година. Таму предвидено е за „принос на регулирани средства“ (капитал) на сопственикот на топланите да му се исплатат 54.058.813 денари. Овие 900.000 евра се „чисти пари“, бидејќи на „Адора“ на Чифлиганец за една година за амортизација му следуваат уште 32.432.644 денари, односно повеќе од 500.000 евра.

„Надоместокот по основ на приносот и неинвестираната амортизација на средствата под закуп му следуваат на сопствениот на основите средства. Приносот на регулираните основни средства и неинвестираната амортизација на сопственикот му следуваат од денот на стекнувањето на право на сопственост, односно од денот на уписот во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија“, се вели во одлуката за прифатените трошоци од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Во одлуката пишува и дека ќе се побара дополнителна проценка на вредноста на основните средства коишто се земени под закуп за што ќе се ангажира Бирото за процена.

Во претходната одлука за регулираниот период 2022 -2024, беше предвидено на „Адора“ во 2022, 2023 и 2024 за секоја година посебно за закуп да и се плаќаат само по околу 24 милиони денари, односно сума од 400.000 евра за топланите. Оваа сума, според претходниот тарифник, беше јавно објавена на крајот од 2022.

„Адора“ тогаш реагираше дека нецелосни 400.000 евра годишно за закуп се малку и дека само 900.000 евра чини годишниот ануитет за отплата на кредитот подигнат за купување на топланите. Чифлиганец ги купи топланите од Топлификација за 9,3 милиони евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции

05/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО

05/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО, ГРУПА СО ГОДИНИ ВРШЕЛА ИЗНУДИ Претресена

05/11/2026
Македонија

И ПОКРАЈ БЛОКАДАТА МАКЕДОНИЈА ГИ СПРОВЕДУВА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова побара забрзување

05/11/2026
Македонија

ФОНДОТ РЕАГИРА НА ТВРДЕЊАТА НА КОСТАДИНОВ „Спремни сме за соработка,

05/11/2026
Македонија

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно

05/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ

05/11/2026
Македонија

СДСМ ОДИ ДОТАМУ ШТО ГИ ОБВИНУВА И ММФ И СВЕТСКА

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46607
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции за сигурен европски пат

05/11/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во Вестите на Сител ТВ се осврна на последниот

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО Пари и документи откриваат траги

05/11/2026

Пари и документи што упатуваат на лихварство и изнуда биле пронајдени во раноутринската полициска акција во Куманово. Под истрага се

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО, ГРУПА СО ГОДИНИ ВРШЕЛА ИЗНУДИ Претресена е и нотарска канцеларија

05/11/2026

Криминална група осомничена за лихварство, изнуда и перење пари дејствувала во Куманово повеќе од пет години, од 2021 година до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy