НЕ ЈА ВРАТИЛА ЌЕРКАТА КАЈ ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ Охриѓанка пријавена за одземање дете
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишната А.А. од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“.
Според пријавата, жената на 9 октомври годинава не ја вратила навреме малолетната ќерка на нејзиниот сопруг, иако според договорот била должна да го стори тоа.
На сопругот, според полициските информации, детето му било доделено на грижа, издржување и воспитување.
Пријавата е поднесена согласно член 198 од Кривичниот законик.
.
Извор: plusinfo.mk