Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ – во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи
Економија

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ – во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

30/04/2024

AA

На претстојното акционерско Собрание, акционерите на „Макстил“ ќе гласаат за распределбата на добивката на овој челичарски гигант во земјава.

Она што е битно е дека целата добивка од 5,8 милиони евра ќе се намени за покривање на загуби од претходни години. 

„Нето добивката во износ од 355.552.079 денари (5,8 милиони евра – н.з.), остварена во деловната 2023 година, се распоредува за покривање на загуби од работењето на Друштвото од претходните години“, се вели во предлог одлуката.

Ќе има промени и во Статутот на нашата најголема челичарска компанија „Макстил“, а тоа треба да биде потврдено на акционерското собрание кое ќе се одржи на 30 мај оваа година.

Во своите предлог одлуки за Собранието, од компанијата ја информираат инвеститорската јавност дека целта на овие измени на Статутот е потребата од намалување на бројот на членови на Одборот на директори, како и усогласување со добрите корпоративни практики.   

„Поради потребата од
намалување на бројот на членови на Одборот на директори, како и намерата за
усогласување на одредбите на Статутот со добрите корпоративни практики, се
предлагаат следните измени на Статутот на Друштвото“, се вели во образложението, и се наведува како ќе изгледаат новите членови на статутот.

„Собранието на Друштвото,
при вршењето на правата и обврските, одлучува само за прашања коишто со закон и
со овој Статут се утврдени како прашања што спаѓаат во надлежност на Собранието
на Друштвото, и тоа: г
о усвојува Статутот и измените
и дополнувањата на Статутот на Друштвото; о
длучува за зголемување и
намалување на основната главнина на Друштвото; г
и разгледува и ги усвојува
годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото, како и годишниот
извештај за работењето на Друштвото во претходната деловна година, г
о разгледува извештајот на
друштвото за ревизија; о
длучува за употребата и
распоредувањето на остварената добивка или за покривањето на загубите; о
длучува за нова емисија на
акции на Друштвото  и промена на правата врзани со одделни родови и класи
акции; о
длучува за статусни промени и
за престанок на работење на Друштвото; г
и избира и ги отповикува членовите на Одборот на директори и го  утврдува надоместокот којшто ќе им се исплаќа
на неизвршните членови на Одборот на директори за нивната работа; ја
 одобрува работата на
членовите на Одборот на директори; н
азначува овластен ревизор за
ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи и одлучува по предлогот за раскинување на
договорот со овластениот ревизор; о
добрува големи зделки во
согласност со член 56а од овој Статут и со Законот за трговски друштва; о
длучува за престанување на
друштвото; и о
длучува за други прашања од
значење за работењето на Друштвото, предвидени со Статутот“.

Друг член предвидува дека „Одборот
на директори е орган на управување на Друштвото, којшто има најшироки
овластувања во управувањето со Друштвото и врши надзор на работењето на
Извршните членови на Одборот на директори. “

А, во еден од членовите се наведува дека „Одборот
на директори на Друштвото го сочинуваат 7 (седум) членови, од кои што 5 (пет)
се неизвршни членови, а 2 (два) се извршни членови, избрани во постапка и на начин
во согласност со закон.

Двајца
од петте неизвршни членови на Одборот на директори ќе бидат избрани како независни членови.

Во
одлуката на Собранието за избор на членови на Одборот на директори се назначува
кои членови се избираат како независни членови на Одборот на директори.
Независните членови на Одборот на директори задолжително се избираат од редот
на неизвршните членови на Одборот на директори.

Мандатот
на член на Одборот на директори трае 4 (четири) години, со можност за реизбор.

Членовите
на Одборот на директори од своите редови избираат Претседател на Одборот на
директори на Друштвото.

Одборот
на директори се состанува најмалку еднаш квартално, во согласност со закон, при
што еден од состаноците мора задолжително да се одржи во рок од еден месец пред
одржувањето на годишното Собрание на акционери.”

Член на Одборот на директори не
може да биде лице коешто има некое ограничување предвидено според Законот за
трговските друштва.

Акционерите ќе гласаат и за одобрување на работата и водењето на работењето на Друштвото од
страна на членовите на Одборот на директори на Макстил АД Скопје за 2023 година.

„Собранието
на Друштвото ја одобрува работата и водењето на работењето на Макстил АД Скопје
за 2023 година, поединечно за секој член на Одборот на директори (ОД) на
Друштвото со активен мандат на 31 декември 2023 година, кои работеа во составот
на ОД во текот на целата година, како што следува:

– 
Г-дин
Димитар Цветковски;

– 
Г-ѓаМарија
Дуковска-Павловска;

– 
Г-ѓа
Александра Мишковска;

– 
Г-дин
Стефано Грамиња;

– 
Г-дин
Луис Кристиан Карстенс;

– 
Г-дин
Алесандро Казале и

– 
Г-дин
Пјетро Москети“, се вели во предлог одлуката.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАЖ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН МРТОВ НА АВТОПАТ Полицијата го бара

06/10/2026
Македонија

ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ВО СВЕТОТ БИЛО ОДЛОЖЕНО Македонија

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет

05/10/2026
Македонија

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен

05/10/2026
Македонија

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

05/10/2026
Македонија

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат

05/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски

05/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45997
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАЖ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН МРТОВ НА АВТОПАТ Полицијата го бара возачот кој побегнал од местото

06/10/2026

Маж на неодредена возраст вчера е пронајден мртов покрај коловозот на автопат, откако, според првичните информации, бил прегазен од возило

ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ВО СВЕТОТ БИЛО ОДЛОЖЕНО Македонија очекува месецев да набави вакцини

06/10/2026

Министерството за здравство вложува напори вакцините против сезонски грип да бидат што побрзо обезбедени, за вакцинацијата на ранливите категории граѓани

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет предлага стапката на придонесот постепено

05/10/2026

Пензискиот систем во земјава се соочува со растечки дефицит, а за исплата на пензиите веќе недостигаат околу 500 милиони евра,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy