Нов жител на ЗОО Скопје, се роди алпака
Зоолошката градина Скопје се збогати со уште еден нов член.
Се работи за бебе алпака.
„Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки“, пишува во објавата.
Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.