Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цеков најавува Закон за потекло на имот: „Крај за семејните стебла во правосудството и неказнивоста“
Македонија

Цеков најавува Закон за потекло на имот: „Крај за семејните стебла во правосудството и неказнивоста“

05/05/2026

AA

„Додека правдата е бавна за моќниците, граѓаните секојдневно ја губат довербата во системот“, вели независниот пратеник Миле Цеков. Тој бара итен ветинг по албански модел и закон со кој ќе се испита имотот на секој функционер.

Во продолжението на своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, независниот пратеник Миле Цеков упати сериозни обвинувања за селективна правда во Македонија, прашувајќи кој во изминатите две години понел вистинска одговорност за високата корупција.

Цеков директно ги посочи случаите кои ја брануваат јавноста, а за кои смета дека правдата доцни или воопшто ја нема.

„Граѓаните се најголемиот суд и тие пресудуваат секој ден кога гледаат дека правдата не важи за сите. Кој понесе одговорност за петте тони марихуана? Кој ќе одговара за Артан Груби? Сметам дека правдата е премногу бавна и за Кочани. Ова не се само флоскули, туку легитимни прашања кои народот ми ги поставува секој ден“, истакна Цеков.

Според него, покрај платите и животниот стандард, борбата против криминалот и корупцијата е најважното прашање за опстанокот на државата.

За да се стави крај на декларативните заложби, Цеков најави конкретна иницијатива во Собранието – донесување на Закон за потекло на имот.

Најострите критики пратеникот ги упати кон состојбите во судската власт, посочувајќи на аномалии кои, според него, се незамисливи за една западна демократија.

„Недозволиво е во 21 век да имаме пракса каде таткото е судија, ќерката обвинител, синот адвокат, а сопругата народен правобранител. Најголемиот проблем произлегува токму од овие семејни врски во правосудството“, дециден е Цеков.

Како решение за овој „затворен круг“ на влијанија, тој предлага целосен ветинг на судиите и обвинителите, по примерот на моделот кој веќе се спроведува во Албанија. Цеков смета дека без радикално чистење на системот од лични и семејни интереси, реформската агенда ќе остане само мртва точка на хартија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy