Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царинска управа: Спречен обид за шверц и обид за нелегално изнесување на стока во вредност од околу пола милион денари
Македонија

Царинска управа: Спречен обид за шверц и обид за нелегално изнесување на стока во вредност од околу пола милион денари

29/01/2024

AA

Спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки на производи во вредност од 273 илјади денари, како и обид за нелегално изнесување на стока вредна 192 илјади денари, откриени при контрола на товарни моторни возила на влез и излез од државата во текот на изминатата недела. Воедно, спречен е и шверц на 100 шишиња Хелих плус колаген што патник сакал нелегално да ги внесе во државава.

Во првиот случај, увозник сакал да избегне плаќање царински давачки на производи вредни 273 илјади денари која се обидел да ја прошверцува помеѓу стока која ја пријавил за увозно царинење. Во намерата е спречен од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги кој при контрола на товарно возило на Царинска испостава Куманово утврдил вишок стока меѓу која 500 метри квадратни ламинат и 43 парчиња мебел.

Во вториот случај, на граничен премин Ќафасан е спречен обид за нелегално изнесување на поголем број автоделови во вредност од околу 200 илјади денари откриени при контрола на товарно моторно возило чиј возач изјавил дека возилото е празно и оти нема ништо за пријавување. Во кабината на возилото во просторот помеѓу седиштата, под возачкото и совозачкото седиште, во преградите во кабината и преградите на левата и десната врата сокриени биле 241 парчиња различни автоделови за коишто возачот немал никакви документи.

Воедно царинските службеници на Ќафасан спречија и шверц на 100 шишенца колаген што албански државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во државава. Истите се откриени во три црни ќеси кои патникот ги скрил во ранецот.

Во сите случаи стоката е запленета, а против пријавените лица се поднесени прекршочни пријави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА УСПЕАЛА ДА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000

18/11/2026
Македонија

ЗЕЛ 500 ЕВРА ПОТКУП ЗА ДА ИЗДАДЕ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА

18/11/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 9 ВЕЛЕШКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ „РОСИЦА“

18/11/2026
Македонија

Дарко Костовски се соочува со кривична пријава за паркот во

18/11/2026
Македонија

ИРАН НЕГИРА ДЕКА ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА ПЛАНИРАЛ АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА Тврди

18/11/2026
Македонија

НАБАВКАТА НА ВИДЕОТЕРМИНАЛИ ЗА „ЛОТАРИЈА“ БИЛА КОНТРОЛИРАНА ОД БИРОТО ЗА

18/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОДИ НА ЈАВНА

18/11/2026
Македонија

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46831
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА УСПЕАЛА ДА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000 „РАСПУШТЕНИ“ КРАВИ Градоначалникот поднесе кривични

18/11/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила вкупно 96 говеда во Крива Паланка, но проблемот со кравите што неконтролирано се

ЗЕЛ 500 ЕВРА ПОТКУП ЗА ДА ИЗДАДЕ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА ГРАДБА Истрага против вработен во

18/11/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), осомничен за примање поткуп

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 9 ВЕЛЕШКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ „РОСИЦА“ Нејзините пријави за семејно насилство

18/11/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес, кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy