Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царинска управа: Спречен обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари
Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари

16/04/2025

AA

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Случајот е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со стока од Турција наменета за македонска фирма, во фабричките празнини пронајде непријавени 1.944 парчиња сребрен накит со тежина од 5,4 килограми и две сребрени плочки со тежина од еден килограм. Дополнително во сандакот за алат под долниот кревет и под возачкото седиште биле пронајдени и 20 штеки цигари, меѓу кои Малборо и Мурати.

Имено, сторителот откако ја натоварил стоката во Истанбул, се договорил да преземе две ќеси сребро и да го пренесе во Скопје за одреден надомест. Истите ги скрил во делот на фиоките кај совозачкото седиште и во делот на возачкото седиште позади пластиките кај електрониката, по што се упатил кон нашата држава.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка.

Мобилни царински тимови во два случаи спречија обид за шверц на 220 комплети алати меѓу кои пили и циркулари.

Првиот случај е откриен при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, која била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Поради сомневање е извршена контрола на стоката при што биле пронајдени 192 комплети со рачен алат и 40 моторни пили, кои не биле опфатени со царинските документи.

Вториот случај е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Италија – Македонија при што во патните торби на еден од патниците  биле пронајдени дури 28 парчиња употребуван електричен алат и полначи.

Македонски државјанин преку граничен премин Табановце се обидел во државата да криумчари дури 250 парчиња икони. Во обидот е спречен од мобилен царински тим кој при контрола на автомобилот на различни места ги откри непријавените икони. 

Царински службеници од царинска испостава Скопје 3 запленија 5.475 кутии за школски прибор со ознаки на заштитени трговски марки поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy