Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бун со три пораки и уверување дека по уставните измени нема да има нови барања од Бугарија, ниту од друга земја
Македонија

Бун со три пораки и уверување дека по уставните измени нема да има нови барања од Бугарија, ниту од друга земја

17/07/2023

AA

Северна Македонија припаѓа на семејството на ЕУ, одлуката е во ваши раце, сега треба да се направи чекорот, се трите конкретни пораки што ги упати денеска државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун на заедничката прес-конференција по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и останатите претставници од „Вајмарската тројка“, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за ЕУ на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

Таа напомена дека дискусијата околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, туку, како што рече, Северна Македонија потоа автоматски ќе се најде на патеката на пристапување. „Нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја, но има барања за ревизија на Уставот“, порача Бун.

Според државната секретарка, 2030 година е реална цел за македонското членство во ЕУ. Нејзина оценка е дека Северна Македонија има се за да напредува кон Унијата и наскоро да се приклучи кон ЕУ.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска беше домаќин на министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, на државнат секретарка задолжена за Европа при Совето

-Имам три пораки за вас. Првата е дека Северна Македонија припаѓа на семејството на ЕУ. Втората е дека одлуката сега која што се наоѓа во рацете на Северна Македонија, а третата порака е како што посочи вицепремиерот дека сега треба да се направи чекорот на Северна Македонија поради импулсот на сила што го имаме за проширување на ЕУ. Можеби уште една работа што сакам да ја кажам од наша страна е дека оваа дискусија околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија, автоматски Северна Македонија ќе се најде на патеката на пристапување потоа. Значи, нема никакви дополнителни барања од ниедна друга земја. Меѓутоа, има барања за ревизија на Уставот да се заврши тоа секако и повторно автоматски Северна Македонија ќе влезе во следната фаза на процесот на пристапување и исто така го спомнавте тоа вицепремиере во сферата на владеењето на правото, правдата и економската сигурност и реформите кои Северна Македонија треба сама да ги направи за себе, истакна Бун.

Таа се наврати на деведесетите години и случајот со Полска.

-Во 1990-ите мои претходници сакаа да и помогнат на Полска за пристапување кон ЕУ и гледате колку е успешна Полска и сметаме дека тоа е исто така можно и за Северна Македонија. Северна Македонија има апсолутно се за да напредува во ЕУ и наскоро да се приклучи кон ЕУ и за нас и за вас има конкретни придобивки, секако нови работни места, слободно движење за сите и вклучувајќи ја безбедноста и стабилноста на ЕУ, рече Бун.

Се осврна и на првата Меѓувладина конференција во Брисел.

-Пред една година се одржа првата Меѓувладина конференција во Брисел каде што со задоволство го запознав премиерот и вицепремиерот првпат и имаше многу ентузијазам и сакаме да видиме ист таков ентузијазам повторно, така што овде сме да го изразиме тоа и да ја изразиме поддршка за ова. Светот се промени. Геополитичките тензии и она што се случува на нашиот континент го прави проширувањето неопходност за ЕУ, како и поддрпка за Украина и Молдавија има нова методологија за проширувања која што ќе го направи проширувањето подинамично и се надеваме побрзо. Мислам дека тоа е важно. И за рокот, го кажав на почетокот и уште еднаш ќе повторам многу јасно дека сакаме да биде што поскоро. Францускиот претседател рече во Братислава – прашањето за проширување не е ако, ниту кога, тоа е веднаш што поскоро, туку како. Повторно 2030 година како цел е доста реална и овде сме да ја испратиме пораката на пријателство пред се, пораката на поддршка и пораката на увереност дека веруваме дека Северна Македонија ќе успее. Трите земји, вклучувајќи и Франција, сметаат колку е важно за вас толку и за европското семејство и ќе дадеме се од себе да ви помогнеме на патот кон ЕУ, подвлече државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44957
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy