Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Британска инфлуенсерка има најголеми усни, се исплашила кога ги зголемувала градите
Магазин

Британска инфлуенсерка има најголеми усни, се исплашила кога ги зголемувала градите

03/11/2024

AA

27-годишната Софија Липс од Манчестер верува дека нејзините усни моментално се најголеми во Британија и планира дополнително да ги зголеми за да стекне меѓународна слава.

Таа претходно го привлече вниманието кога сподели слики од нејзините „сочни усни“ на Инстаграм, каде има 25.000 следбеници. Многу нејзини обожаватели изразија загриженост за нејзините отечени усни, кои содржат повеќе од 100 мл филер, објави Сан.

Софија редовно ги полни усните на секои два месеци, понекогаш тоа го прави и самата дома. Таа потрошила вкупно околу 200.000 фунти на различни естетски зафати, но нејзините планови за подобрување на изгледот не завршуваат тука. Таа, која естетската хирургија ја опишува како „хоби“, има направено и две зголемување на градите, две бразилски подигања на задникот (BBL) и трансплантација на коса.

27-годишната девојка од Манчестер претходно откри дека третата операција на градите ја чинела 10.000 фунти, но за малку ќе ја чинела живот.

Софија тврди дека нејзиниот „животот бил на жица“ по операцијата во Турција, откако „зелена нечистотија“истекла од нејзините гради.

„Беше таков хаос“, вели Софија, која се претставува како модел.

– Буквално за малку ќе умрев затоа што стана многу лошо. Самата операција помина добро, но штом стигнав дома кошмарот започна. Имав неподносливо чувство на печење, проследено со оток. Кога погледнав надолу, имаше зелена нечистотија низ моите завои. Не знаев што се случува и бев загрижена дека животот ми е во прашање.

Софија, која отишла на процедурата во декември 2022 година, издвоила 6.000 фунти за да премине од имплант од 450 кубици на имплант од 800 кубика.

Кога пристигнала на клиниката, сѐ било направено како и обично, па немала никакви грижи. Следниот ден полетала дома и веднаш била префрлена во болница. Таа рече:

-Кога пристигнав ми ја кажаа веста од која се плашев, тоа е сепса. Веднаш ме примија и морав да останам една недела додека се лекувам за да се ослободам од инфекцијата. За да се уверат дека ќе преживеам, ми рекоа дека морам да го извадам левиот имплант. Одбив, бидејќи не сакав да ги изгубам моите весели гради за кои платив толку многу и поминав низ толку многу. За среќа, кога почнав да реагирам на антибиотиците и полека се подобрив, инфекцијата набрзо се расчисти.

По неколку недели во болница, Софија била решена да не дозволи овој неуспех да ја спречи да го постигне изгледот за кој сонуваше. Во јануари 2023 година отишла во друга клиника во Турција и добила 1050 кубни метри – направени се најголемите можни силиконски импланти и сега е навистина задоволна со своите гради.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното

02/11/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СО „ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ“ РАЗГОВАРАШЕ ЗА МОЖНИ ИНВЕСТИЦИИ Во фокус

02/11/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПОДДРШКАТА Ги почитува резултатите на изборите

02/11/2026
Македонија

ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА МОРБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА Вакцинирајте се, а ако

02/11/2026
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЈА СЛЕДЕЛ И ЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ Кривична пријава за

02/11/2026
Македонија

ДОШОЛ СО БОЛКИ, НО ЛЕКАРОТ НЕ САКАЛ ДА ГО ПРЕГЛЕДА

02/11/2026
Македонија

НЕ ЈА ВРАТИЛА ЌЕРКАТА КАЈ ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ Охриѓанка пријавена за

02/11/2026
Македонија

ОД ЏЕБ МУ ИСПАДНАЛЕ 193 ТАБЛЕТИ? Уапсен 24-годишник во отворено

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46517
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното прептријатие нема да наплаќа

02/11/2026

Битолчани на 4 ноември, кога градот го одбележува Денот на ослободувањето, ќе можат бесплатно да ги паркираат своите возила на

МИЦКОСКИ СО „ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ“ РАЗГОВАРАШЕ ЗА МОЖНИ ИНВЕСТИЦИИ Во фокус АИ во медицината, паметни градови

02/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска разговарал со раководството на „Дојче телеком“ за можни инвестиции во дигиталната трансформација на Македонија, вклучително и

РАДИЧЕВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПОДДРШКАТА Ги почитува резултатите на изборите и волјата на граѓаните

02/11/2026

Стојанче Радичевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница, упати благодарност на сите за поддршката, довербата и за секој глас

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy