Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија
Економија

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

20/05/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со
Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО), учествуваше на
второто издание на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија –
Taking Implicit Electricity Market Coupling Beyond EU Borders, што се одржа во
Европскиот парламент во Брисел.

На панел-сесијата посветена на проширувањето на европскиот пазар на
електрична енергија до 2026 година, министерката Сања Божиновска дебатираше со
високи претставници од Европскиот парламент, ACER, регионалните берзи за
електрична енергија и институции од Западен Балкан.

„Интеграцијата на македонскиот организиран пазар на електрична енергија
во Единствениот европски пазар е од стратешко значење за државата.
Министерството целосно го поддржува процесот што го спроведува МЕМО. Станува
збор за сериозен влог – зголемена ликвидност на пазарот, поконкурентни цени и
поголема сигурност на снабдување, што директно влијае на економската стабилност
и предвидливост“, истакна министерката.

Дополнително, Божиновска посочи дека интеграцијата со европскиот пазар
може да понуди заштита од финансиските ефекти на CBAM механизмот на ЕУ, што би
значело значајна економска корист за македонските компании.

Во своето обраќање, министерката потсети дека процесот на пазарно
поврзување започна уште во 2017 – 2018 година, а сега се наоѓа во деликатна
фаза, каде што се работи на транспонирање на ЕУ-законодавството и
имплементација на MCO IP (Планот за поврзување на пазарите) под надлежност на
ACER (Агенција на Европската Унија за соработка на регулаторите за енергија).

„Поради неизвесностите околу влијанието на CBAM, императив беше
поврзувањето на пазарите да се случи пред 2026 година. Иако веќе сме надвор од
таа временска рамка, реално е да се стремиме кон поврзување помеѓу четвртиот
квартал на 2026 и првиот квартал на 2027 година“ рече Божиновска, повикувајќи
на засилена соработка меѓу ЕУ и земјите аспиранти за членство.

Во контекст на новата енергетска визија, министерката информираше дека
минатата недела Собранието го усвои новиот, ЕУ-усогласен Закон за енергетика –
со што се поставуваат темелите за модерен, чист и фер енергетски систем.

„Создавањето посебно Министерство за енергетика, како и новиот Закон, се
доказ за сериозноста со која пристапуваме кон секторот. Законот значи повеќе
обновливи извори, намалување на загуби, отворен пазар, и поголема улога за
граѓаните како и производители и потрошувачи на енергија“, додаде министерката.

Во своето завршно обраќање, министерката Божиновска испрати порака до
европските носители на одлуки:

„Да работиме заедно за забрзување на пазарното поврзување. Бенефитите се
заеднички – од енергетска сигурност до економски раст. Само со засилена
соработка можеме да изградиме стабилен, интегриран европски електро-енергетски
систем кој ќе им користи на сите.“

Форумот во Брисел собра над 100 претставници од енергетски берзи,
регулатори и институции од ЕУ и Западен Балкан, со цел обезбедување политичка и
регулаторна поддршка за побрза интеграција на земјите од Енергетската заедница
во Единствениот европски пазар на електрична енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕУ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА МЛАДИ Можат да

24/09/2026
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВОТО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ

24/09/2026
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА? Во разговорите

24/09/2026
Македонија

ЕСЕНТА ПОЧНА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Во Берово измерени -2 степени,

24/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45766
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕУ ДЕЛИ БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА МЛАДИ Можат да аплицираат и младите од Македонија

24/09/2026

Европската Унија дистрибуира нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз за 18-годишници, наменети за патување со воз низ Европа.

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата потврди дека е уапсен на

24/09/2026

Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, по три години поминати во бегство се вратил во државата. Тој

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВОТО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата потврди дека е уапсен на

24/09/2026

Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, по три години поминати во бегство се вратил во државата. Тој

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy