Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиќ во Германија помина без очекуваните инциденти; Во Виена се уапсени четири лица
Македонија

Божиќ во Германија помина без очекуваните инциденти; Во Виена се уапсени четири лица

26/12/2023

AA

Германската полиција не регистрирала никакви инциденти за време на проверките во катедралата во Келн по предупредувањата за можен терористички напад на божиќната миса.

Без инциденти поминаа мисите и во Виена, каде полицијата приведе четири лица во истрагата на исламистичката мрежа.

Внимателните проверки на луѓето кои влегуваа во катедралата поминаа без инциденти, изјави во понеделникот портпаролката на полицијата.

Мирна е и областа околу катедралата, каде што полицијата го засили присуството, додаде таа.

Пред мисата, кардиналот Рајнер Марија Волки им се заблагодари на насобраните за нивното присуство и за тоа што не дозволиле да бидат вознемирени или исплашени.

Тој особено се заблагодари на полицијата „која донекаде ја преврте катедралата за да можат безбедно да ја прослават Божикната миса оваа вечер“. Волки се заблагодари и на персоналот на катедралата и на обезбедувањето.

Претходно се појавија информации дека катедралата во Келн и црква во Виена би можеле да бидат цел на напад на исламистичка група на Бадник .

Според полицијата во Келн, тоа се однесувало и на Нова Година .

И полицијата во Виена презеде дополнителни безбедносни мерки, а бадникарските миси поминаа според планот и без инциденти.

Во главниот град на Австрија се приведени четири лица. Двајца мажи и една жена се во притвор во врска со истрагата за исламистичката мрежа, јави австриската новинска агенција АПА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

43 случаи на западнонилска треска, вирусот првпат потврден и кај

21/08/2026
Македонија

Месечно за живот во изнајмен стан се потребни над 84

21/08/2026
Македонија

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките

21/08/2026
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy