ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен во Липково
Шеесет и петгодишен жител на Арачиново бил приведен вчера во Липково откако со товарно возило превезувал дрва без жиг, а потоа не застанал на полициски знак и се обидел да побегне.
„Вчера во 18 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А. (65) од село Арачиново“, соопшти МВР.
Според полицијата, Џ.А. бил забележан додека управувал товарно возило во Липково.
„Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувал дрва без жиг и не застанал на даден знак ‘стоп’ од полициски службеници и се обидел да побегне“, наведува МВР.
Џ.А. бил приведен и однесен во полициска станица.
„По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата.
.
Извор: plusinfo.mk