Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“ НАЈДЕНИ ВО ПРЕТРЕСИТЕ Кривични за директорка и шефица во Државна лотарија за проневера од 1,3 милиони евра
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“ НАЈДЕНИ ВО ПРЕТРЕСИТЕ Кривични за директорка и шефица во Државна лотарија за проневера од 1,3 милиони евра

06/10/2026

AA

Две службенички од Државна лотарија се кривично пријавени за сомнение дека проневериле речиси 1,3 милиони евра, а при претресите поврзани со истрагата биле пронајдени злато, златен накит, „Сваровски“, скапи часовници и брендирани чанти од „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“.

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против А.Н., директорка на Секторот за финансии и сметководство во Државна лотарија, и Д.Д., шеф на финансиски работи, поради сомнение за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги.

Според пријавата, двете службенички во текот на 2024 година не го уплатиле на сметките на Државна лотарија целиот дневен промет од сопствените продажни места во износ од 46.038.720 денари, а дополнително од банкарските сметки на друштвото биле подигнати уште 33.950.724 денари.

Вкупно, станува збор за 79.989.444 денари, односно околу 1,3 милиони евра, за кои Финансиската полиција се сомнева дека биле противправно присвоени. Со тоа, според пријавата, на Државна лотарија ѝ била причинета штета од речиси 80 милиони денари.

Финансиската полиција сомничи дека двете службенички презеле повеќе чекори за да го прикријат недостигот на парите.

Според пријавата, тие префрлале средства меѓу различни банкарски сметки на Државна лотарија, креирале налози и реализирале уплати и исплати со кои лажно биле прикажувани финансиски трансакции.

Дополнително, според надлежните, биле изготвувани и користени невистинити финансиски и сметководствени документи, биле евидентирани фиктивни касовни исплати, а спорните средства биле раскнижувани на различни сметководствени конта.

На тој начин, според сомнежите, недостигот бил прикриван во деловните книги.

Во рамки на истрагата, по судска наредба и под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје, биле извршени претреси на пет локации – четири во Скопје и една во Валандово.

При претресите биле пронајдени и одземени оригинална сметководствена документација поврзана со Државна лотарија, мобилни телефони, лаптопи, USB-уреди, надворешни хард-дискови и друга електронска опрема.

Но, меѓу одземените предмети имало и вредни лични предмети.

Надлежните одзеле парични средства, злато и златен накит, накит од „Сваровски“, часовници со поголема вредност, како и брендирани чанти од светски познати производители, меѓу кои „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“.

Дополнително, надвор од една од претресуваните локации, во соседен двор, била пронајдена и фрлена документација за која надлежните сметаат дека е од интерес за постапката.

Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека предметот произлегува од наодите во ревизијата што Државниот завод за ревизија ја спровел во Државна лотарија.

Случајот сега е пред Основното јавно обвинителство Скопје, кое треба да постапува по кривичната пријава и наодите од истрагата.

„Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење и бегство, постои основан страв дека осомничените ќе ае обидат да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, како и особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите, но и околности што упатуваат на можноста да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени“, велат од Обвинителството.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“

06/10/2026
Македонија

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

06/10/2026
Македонија

ЈА ИСТЕПАЛА 19-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, ГО МАЛТРЕТИРАЛА И СВОЕТО БЕБЕ Пријава

06/10/2026
Македонија

КУП ДРОГА ПРОНАЈДЕНА КАЈ ОСУДЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО Одземени 25 пакувања

06/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛОВИ ВОЗАЧИТЕ СО ТЕЛЕФОН ВО РАЦЕ Оставете го

06/10/2026
Македонија

ПОЖАР ВО КАМП-ПРИКОЛКА КАЈ ОХРИД Двајца повредени при гаснењето

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО РАСПИТА ФИЛИПЧЕ ЗА НАБАВКАТА НА ХЕЛИКОПТЕРИ ИЗВРШЕНА

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал член на семејството

06/10/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 19:15 часот на улица „Кленоец“ во Охрид го лишија од слобода И.С. (76),

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ Поплавен тоалет во реновираниот студентски

06/10/2026

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вчера интервенирале во тоалет во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ каде што

ЈА ИСТЕПАЛА 19-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, ГО МАЛТРЕТИРАЛА И СВОЕТО БЕБЕ Пријава за 35-годишна тетовчанка

06/10/2026

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 23:40 часот ја уапсија 35-годишната З.М. од Тетово, по претходна пријава дека физички

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy