КУП ДРОГА ПРОНАЈДЕНА КАЈ ОСУДЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО Одземени 25 пакувања со кафеава прашкаста материја и 14 со марихуана
Во Казнено-поправната установа Затвор Идризово при претрес на осудениците Е.Т. (34) од Скопје и А.С. (37) од тетовско биле пронајдени и одземени 25 пакувања со кафеава прашкаста материја и 14 пакувања со марихуана.
Случајот бил пријавен вчера во 13:30 часот во СВР Скопје. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.
идризово, затвор идризово, дрога, марихуана, скопје, тетово, полиција
.
Извор: plusinfo.mk