Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО КУМАНОВО Пресудата за Бојковски треба да биде изречена на следното рочиште
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО КУМАНОВО Пресудата за Бојковски треба да биде изречена на следното рочиште

06/10/2026

AA

Доживотен затвор за Трајче Бојковски побара Обвинителството денеска пред Основниот суд во Куманово, каде што беа изнесени завршните зборови во процесот во кој тој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Пресудата треба да биде изречена на следното рочиште.

Јавниот обвинител Љубомир Лапе рече дека Бојковски, кој работел како овчар, наместо да ги штити немоќните, бил нивен предатор. Според обвинението, ги избирал жртвите меѓу постари жени и ги напаѓал кога биле сами.

– Доказите неспорно покажуваат дека Станче Каревска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска биле убиени на ист начин, со давење и притисок врз градниот кош. Кај дел од нив се констатирани и повреди во пределот на половите органи, а ДНК-траги од обвинетиот се пронајдени кај две од жртвите и кај една од преживеаните – рече Лапе.

Двете преживеани жени, Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска, во своите искази опишале дека биле фатени за врат, соборени и давени.

Бојковски не го признава убиството на Станче Каревска. Обвинителот, сепак, тврди дека при давањето исказ навел детали за времето и начинот на извршување кои се совпаѓале со форензичките наоди.

– Таквите детали не можеле да му бидат познати на никој освен на сторителот – рече Лапе.

Обвинителството се повика и на судско-психијатриското вештачење според кое Бојковски е пресметлив, покажува способност за прикривање, а кај него отсуствуваат емпатија, каење и срам. Според обвинителот, вештачењето укажува и на ризик од повторување на делата.

Лапе како пример за обид за манипулација го наведе однесувањето на Бојковски пред Судот, тврдејќи дека на последното рочиште се колнел во Алах иако е православен, претпоставувајќи дека претседателот на Советот е муслиман поради неговото име и презиме.

Обвинителот рече дека за делото за кое се товари Бојковски е потребен и посебен мотив – ниски побуди. Според Обвинителството, во конкретниот случај тие се поврзани со некрофилија.

– Во конкретниот случај, тоа е некрофилијата – рече Лапе, објаснувајќи дека другите околности се ценат како отежнителни.

Адвокатката на дел од оштетените Драгана Илиевска-Тодоровиќ оцени дека доказите го поврзуваат Бојковски и со убиството на Каревска, кое единствено не го признава.

– Не се сомневаме дека Судот правилно ќе ги цени доказите и ќе донесе одлука за добро на општеството – изјави Илиевска-Тодоровиќ.

Адвокатот по службена должност Тони Цветковски посочи дека начинот на извршување и повредите претставуваат индиција, но сами по себе не се доволен доказ за вина. Како несоборливи материјални докази ги наведе биолошките траги под ноктите чиј ДНК-профил се совпаѓа со Бојковски.

За двете преживеани жени, Цветковски оцени дека од нивните искази не може докрај да се утврди умислата на обвинетиот. Побара Судот при одлучувањето да ги земе предвид признанието на вина за дел од делата, неговата возраст и фактот дека претходно не бил осудуван.

Основниот суд во Куманово треба да ја изрече пресудата на следното рочиште.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
Македонија

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“

06/10/2026
Македонија

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

06/10/2026
Македонија

ЈА ИСТЕПАЛА 19-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, ГО МАЛТРЕТИРАЛА И СВОЕТО БЕБЕ Пријава

06/10/2026
Македонија

КУП ДРОГА ПРОНАЈДЕНА КАЈ ОСУДЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО Одземени 25 пакувања

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46013
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен во Липково

06/10/2026

Шеесет и петгодишен жител на Арачиново бил приведен вчера во Липково откако со товарно возило превезувал дрва без жиг, а

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала и посредник, пријавени се вкупно

06/10/2026

Вработена во Министерството за внатрешни работи ја користела сопствената шифра за пристап до електронскиот систем на министерствот за незаконско додавање

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал член на семејството

06/10/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 19:15 часот на улица „Кленоец“ во Охрид го лишија од слобода И.С. (76),

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy