Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бојмацалиев: На подрачјето на ОВР Гевгелија за 100 % зголемена откривачката дејност во  делот на недозволената трговија со дрога и оружје
Македонија

Бојмацалиев: На подрачјето на ОВР Гевгелија за 100 % зголемена откривачката дејност во делот на недозволената трговија со дрога и оружје

11/03/2024

AA

Денеска, (11.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев за време на посетата на Гевгелија оствари работна средба со раководствата на СВР Струмица, ОВР Гевгелија, во рамки на серијата средби по секторите за внатрешни работи на територијата на државата со цел увид во резултатите и мапирање на идните активности.

„И оваа организациска единица во текот на 2023 година интензивно преземаше мерки и активности со цел спроведување на дадените приоритети од контролната стратегија во насока на одржување поволен јавен ред и мир и спречување и намалување на регистрирани кривични дела на подрачјето на ОВР Гевгелија. Според структурата на криминалитетот, ОВР Гевгелија во првите два месеци од 2024 година регистрирани се вкупно пет кривични дела од областа на економскиот криминал за физички лица, и тоа во јануари три дела а во февруари две ”, рече Бојмацалиев.

Во делот на недозволена трговија со дрога и оружје, Бојмацалиев рече дека во текот на овие два месеци откриени се два кривично правни настани со пет лица. Во текот на 2023 година, поднесени се четири кривични пријави од Закон за опојни дроги и психотропни супстанции, што е за 100% повеќе во однос на 2022 година, при што констатираше дека оваа тенденција продолжува и годинава.

Притоа, Бојмацалиев посочи и за резултатите во однос на спречувањето на илегалната миграција.

„Исто така, за одбележување е и заедничката соработка со Регионалниот центар ,,Југ“ во делот на сузбивање на илегалната миграција, па така, поднесени се шест кривични пријави, за сторени шест кривични дела против шест сторители, а откриени се 44 мигранти”, рече Бојмацалиев, со уверување дека и ОВР Гевгелија како и останатите организациски единици ќе продолжат со полициско работење кое носи високи резултати и ја гарантира безбедноста на граѓаните на највисоко ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД СВЕДОЦИТЕ

24/11/2026
Македонија

ИЗВРШИЛ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ДИВОИЗГРАДЕН ХОТЕЛ ВО „ЕЛШАНИ“ Кривична пријава

24/11/2026
Македонија

НЕ ПОДДРЖУВАМ НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Мицкоски вели дека

24/11/2026
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во

23/11/2026
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46904
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД СВЕДОЦИТЕ ШТО ГИ ПРЕДЛОЖИ Ветиле дека

24/11/2026

Дел од присутните на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ бурно реагираа на одлуката на одбраната да се откаже

ИЗВРШИЛ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ДИВОИЗГРАДЕН ХОТЕЛ ВО „ЕЛШАНИ“ Кривична пријава за злоупотреба на надзорна функција

24/11/2026

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Ч.(67) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на

НЕ ПОДДРЖУВАМ НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Мицкоски вели дека неколку опции ќе се разгледат

24/11/2026

Сите реформи кои се правени во вториот пензиски столб во Европа имаа неколку сценарија, едно е национализација и тука ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy