Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Џафери: Сеќавањата од Холокаустот ги чуваме од заборав, за никогаш да не се повтори едно од најголемите зла на човештвото
Македонија

Џафери: Сеќавањата од Холокаустот ги чуваме од заборав, за никогаш да не се повтори едно од најголемите зла на човештвото

11/03/2024

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се обрати на одбележувањето на 81 година од Холокаустот на македонските Евреи, на локацијата на поранешен скопски Монопол, каде за време на Втората светска војна, започнала депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор во Треблинка.

Воедно, владината делегација, предводена од премиерот Џафери, оддаде почит и положи цвеќе пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи.

Овој настан во Скопје е дел од тридневната Комеморативна програма 1943-2024, во организација на Еврејската заедница во државава и на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, што се реализира под слоганот „Сеќавање- 11 Март, Холокаустот на македонските Евреи“ и на истиот, покрај претставниците од еврејската заедница, присуствуваа и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претставници на Собранието и Владата на Република Северна Македонија, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

„Денешниот датум е врежан во колективната меморија со тага, горчина и огромна болка предизвикани од депортацијата на Евреите од нашата држава, во нацистичкиот логор во Треблинка, за време на фашистичката окупација во Втората светска војна.

Ова место, од каде почнува депортацијата на 7144 деца, жени и мажи Евреи од денешна Северна Македонија, кои се меѓу 6-те милиони Евреи злосторнички убиени во нацистичките логори низ светот, одбележано е со црвено на историската мапа.

Но, ние, денеска и тука не сме за да отвораме рани од мачното и мрачно минато, туку, за да испратиме силна и недвосмислена порака – дека, сеќавањата за Холокаустот ги чуваме од заборав – за никогаш повеќе да не се повтори едно од најголемите зла на човештвото.

Како генерации на денешнината, должни сме да отвораме надеж, во името на сите положени животи, на сегашните генерации, и најмногу, во името на светлата иднина – за идните генерации.

Обврска на сите е да градиме свет во мир, во којшто сите граѓани имаат еднакво право да живеат во слобода.

Тоа е можно, само ако градиме заеднички свет на рамноправни народи и држави, независно дали се големи или мали, развиени или во развој, чијшто глас еднакво се слуша и се вреднува во глобалниот поредок.

Дека тоа се чини тешко и невозможно, гледаме секојдневно од актуелниот безбедносен контекст во светски рамки. Кога никој не помислуваше дека и во овој, 21-ви век на напредок и развој на човештвото е можна нова војна со оружје, сепак, тоа е реалност која од ден на ден оди во нагорна линија.

Но, не смееме да се откажеме од барање и наоѓање на начини за мирно решавање на ситуациите, на маса, со дијалог на дипломатските маси. Без оглед колку и да се чини тоа невозможно, сепак е единствениот разумен и цивилизиран начин. За да можеме сите да продолжиме да чекориме напред, затоа што тоа е единствениот прифатлив пат. Минатото е корисно само како поука, а не и како повторување. А тоа покажува дека назад не е пат, туку деструкција.

Затоа денес, се придружуваме на гласното НЕ на демократскиот свет на којшто припаѓаме, НЕ за какви било облици на нетолеранција, антисемитизам, фашизам. НЕ, на сите современи форми на агресија, преку исклучување и говор на омраза, поттикнати од национални, етнички, верски или други побуди на расизам, омаловажување, ксенофобија и дискриминација.

Мораме да бидеме гласни, затоа што само гласноста против неправдите во минатото и денес, определува во каков свет ќе живееме и ние и нашите деца понатаму. Ја определува нашата заедничка иднина во мир и толеранција.

Република Северна Македонија, секогаш била на вистинската страна на историјата. И денес сме рамо до рамо со нашите партнери во НАТО и со државите членки на Европската Унија, во напорите да се сочува и обнови мирот во завојуваните делови од светот и на европскиот континент.
Се покажавме како успешна, мултиетничка, функционална демократија. Дадовме пример на регионот, Европа и светот дека различностите се предност, а не пречка. И, денес сме потребни, како успешен модел за одржување и унапредување на еднаквоста, мирот и стабилноста во Европа и во светот.

Тоа е нашата сила за продолжување со демократскиот развој, сѐ до полноправното членство во Европската Унија, каде што припаѓаме, затоа што, ние веќе практикуваме европски вредности. Градиме едно општество за сите, со еднакви права и одговорности за сите граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ВО СПЕЦИФИЧНА ПСИХОЛОШКА СОСТОЈБА, МУ ТРЕБА СТРУЧНА ПОМОШ

02/10/2026
Македонија

БОЛЕДУВАЊАТА НЕ СЕ КРАТАТ, ТУКУ ИМ СЕ ОЛЕСНУВА РАБОТАТА НА

02/10/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (3) Македонија е

02/10/2026
Македонија

ДЕКО ПОНУДИЛ ПЛЕВНИ И ШУПИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ

02/10/2026
Македонија

МАКЕДОНЕЦОТ ФРЛА ПО 86 КИЛОГРАМИ ХРАНА ГОДИШНО Тоа е за

02/10/2026
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45933
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ Е ВО СПЕЦИФИЧНА ПСИХОЛОШКА СОСТОЈБА, МУ ТРЕБА СТРУЧНА ПОМОШ Уплашен е и уценет од

02/10/2026

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба, која не може да ја контролира и за која, веројатно, му треба и

БОЛЕДУВАЊАТА НЕ СЕ КРАТАТ, ТУКУ ИМ СЕ ОЛЕСНУВА РАБОТАТА НА ЛЕКАРИТЕ Контролата во домовите има

02/10/2026

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, во интервју за порталот Република.мк ги објаснува предложените измени и уверува

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (3) Македонија е колепка на Самуиловата држава!

02/10/2026

Со оглед дека епитафот без сомнение претставува директна потврда дека Василиј II сакал вечно да биде запаметен како победник над

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy