Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бизнис бонбона! На што раководството во заминување на државниот ЕСМ ќе потроши 2 милиони евра во само два дена?
Економија

Бизнис бонбона! На што раководството во заминување на државниот ЕСМ ќе потроши 2 милиони евра во само два дена?

08/08/2024

AA

Не „штанца“ тендери на заминување само раководството на РЕК Битола. И нивните шефови од „централата“ односно менаџментот на ЕСМ вчера објави „тајна“ јавна набавка за струја за два дена ќе плати 2 милиони евра (наши очекувања според актуелни берзански цени н.з.)

ЕСМ, државната компанија за производство на струја односно поранешен ЕЛЕМ, ќе плати барем 2 милиони евра за да купи струја што ќе им биде испорачана почнувајќи од денеска па заклучно до полноќ оваа сабота спрема недела.

„Фактор“ дојде до документацијата за јавна набавка со која ЕСМ бара понуди да купи 200 мегавати моќност за период од 48 часа. Станува збор за вкупно 18.200 мегаватчасови електрична енергија за кои според актуелните берзански цени (според ХУПЕКС н.з.) ЕСМ ќе плати барем 2 милиони евра. Проекцијата ја направивме врз основа на денешната цена на струјата постигната на, за нас, референтата берза ХУПЕКС. Базната цена за денеска изнесува 107 евра за еден мегаватчас струја.

Набавката предвидува понудувачот да продаде 9.600 мегаватчасови за цел ден денеска (значи 24 часа) и уште 9.600 мегавати за 24 часа на 10 август.

Куриозитет е тоа што повеќе месеци наназад ова раководство на ЕСМ, кое чека смена, не работи транспарентно и не ги објавува јавните набавки за увоз на струја. И за тоа не понесува никаква одговорност.

Предмет на набавка се 200 мегавати моќност. Тоа значи капацитет на цел еден блок на РЕК Битола, но само на хартија. Затоа што ниту еден блок на РЕК Битола одамна не произвел 200 мегавати за еден час.

Енергијата што се бара за потребите на системот значи дека РЕК Битола или барем два од трите негови блока нема да се во функција за тие два дена во кои ЕСМ купува струја преку „тајна“ јавна набавка.

„Фактор“ направи обид да провери колку електрична енергија произведува РЕК Битола во поседлниот месец, но податоци ќе можевме да обезбедиме. Затоа што МЕПСО државниот систем-оператор кој има обврска да објавува податоци за производство и потрошувачка на струја секојдневно ја нема ажурирано веб страницата од 14 јули годинава.

Повеќе детали за тоа колку и за кои пари РЕК Битола „пазари и најмува“ работна рака на следниот линк https://faktor.mk/raspaljotka-vo-rek-bitola-kako-stigna-rakovodstvoto-vo-zaminuvanje-da-dade-30-tenderi-za-samo-edna-nedela

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy