Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИСЛИМОСКИ КОНТРА ММФ: „Регулаторна кажува во кој блок ќе бидат тарифите“
Економија

БИСЛИМОСКИ КОНТРА ММФ: „Регулаторна кажува во кој блок ќе бидат тарифите“

22/11/2023

AA

Нема да има промена на опсегот на четирите блок тарифи за електричната енергија на регулираниот пазар и покрај  забелешките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

-РКЕ го носи тарифниот систем и кажува во кој опсег ќе се блок тарифите. Да, има забелешки од ММФ дека блоковите треба да се намалат, но одговорно тврдам – блоковите и нивниот опсег нема да се намалат. Не е тоа решение. Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16 отсто. Дури и тоа што беше потопла зимата има удел, но сепак до овој процент е стигнато со штедење на домаќинствата и факт е дека потрошувачката е намалена, рече Бислимоски за ТВ 24.

Нагласи дека намалувањето на субвенциите што ги даваше Владата за електричната енергија е логичен след затоа што, како што рече, оваа година, по завршувањето на грејната сезона немаме потреба од ТЕЦ Неготино и големите набавки завршија. Воедно, додаде, имаме и постабилна и попредвидлива состојба со цените на електричната енергија на берза. 

-Имаме постабилна ситуација во однос на цената на струјата на слободниот пазар кај нас и во регионот, кога може да се купи струја на слободниот пазар. Во тој дел потребите кои требаше да ги обезбеди ЕСМ за универзалниот снабдувач, за малите потрошувачи и домаќинствата, загубите во дистрибутивната и преносната мрежа, сега се обезбедуваат на слободниот пазар по цени кои се многу пониски. Оттука се должи тоа што се намалуваат субвенциите за ЕСМ. По лошата 2021 година ЕСМ го зголеми производството на струја во 2022 и очекуваме годинава да биде над четири милијарди киловат часови, посочи Бислимоски. 

Од тој аспект, додаде, нема потреба да се даваат толку пари, зошто сите трошоци се намалени. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy