Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАТВОРА СИТЕ ФИЛИЈАЛИ: Крај на ерата на кешот?
Економија

ГОЛЕМА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАТВОРА СИТЕ ФИЛИЈАЛИ: Крај на ерата на кешот?

22/11/2023

AA

Дигитализацијата
ја менува играта, а тоа доведе и до големи промени во банкарствотоПотребата
од отворени филијали се намалува, заради што една од најголемите банко во
Германија објави дека ќе ги затвори сите свои филијали во Германија, освен
седиштето.

Raiffeisenbank
Hochtaunus, која ги затвора своите филијали, соопшти дека причина за
овој необичен чекор е тоа што на луѓето
се помалку им требаат контакти со вработени во банката. Иако готовината
останува популарна, банката забележа невообичаено мала побарувачка во нејзините
филијали.

Изненадувачки е што просечно двајца клиенти ја посетувале
банката на час. Сепак, одлуката на банката да ги затвори сите свои филијали во
Германија нема да влијае на понудата на готовина, пишуваат германските медиуми.

Со соработка со малопродажните синџири како Rewe, Penny и
dm, банката планира да им излезе во пресрет на своите клиенти. Клиентите сè
уште можат да подигнат готовина, но повеќе не во типична банкарска средина.

Овој драстичен потег покренува уште поголемо прашање: Дали
ова може да биде почеток на крајот на ерата на готовина?

Експертите велат дека и други банки би можеле да го следат
примерот. Затворањето на сите филијали во Германија носи огромно финансиско
олеснување за оваа банка. Студијата
на McKinsey & Company покажува дека снабдувањето со готовина ги чини
банките околу 2 милијарди евра годишно, вклучувајќи ги и трошоците за околу
55.000 банкомати низ целата земја.

Оваа промена ја одразува и промената на навиките на
потрошувачите. Картичките, паметните телефони и другите дигитални начини на
плаќање стануваат сè попопуларни.

Според тоа, Raiffeisenbank Hochtaunus може да преземе важна
улога, бидејќи ги охрабрува другите банки да ги затворат традиционалните
филијали во корист на дигитални и поефикасни решенија. Изгледа дека иднината на готовината во Германија е под знак
прашалник, пишуваат германските медиуми.

ФОТО: EPA/PETER KNEFFEL

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy