Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Бехтел и Енка“ стигна до 190 милиони евра заработка, се чека да ги оправда
Економија

„Бехтел и Енка“ стигна до 190 милиони евра заработка, се чека да ги оправда

06/12/2023

AA

Според финансиската програма, до крајот на 2023 предвидено е на „Бехтел и Енка“ да му се исплатат вкупно околу 250 милиони евра за првата година од изградбата на автопатите од Коридорот 8 и Коридорот 10Д, а досега се исплатени околу 190 милиони евра.

Барем така покажува платформата на „Отворени финансии“, со последната исплата од буџетот, односно од Министерството за транспорт и врски, кое во текот на ноември за оваа намена на јавното претпријатие „Државни патишта“ му префрлило 223.596.680 денари, што е 3,66 милиони евра.

Претходно слични бројки биле трансферирани во октомври и август. Во јули пак беа дадени околу 7,3 милиони евра за носителот на проектот за изградба на четири автопатски делници. Ова се значително помали суми по стартните 117 и 53 милиони евра одобрени за „Бехтел и Енка“. 

Останува до крајот на годината да се види дали конзорциумот ќе ги добие уште предвидените 60-тина милиони евра, иако засега нема такви сигнали, ниту официјални ниту неофицијални, дека нешто се работи на терен.

Затоа пак досега се испорачани шест трансакции за американско-турската градежна компанија. Официјално изведувачот со работа започна на 13 септември, а течеа и повиците со кои се бараа работници. „Бехтел и Енка“ започна со изградбата пред три месеци со минирањето над гостиварското село Дебреше за пробивање на трасата на автопатот Гостивар – Букојчани на Коридорот 8. Изведувачот овој проект го гради со директни финансии од буџетот.

„Бехтел и Енка“ за помалку од половина година заработи десет пати повеќе од кинески „Сино Хидро“, изведувачот на автопатот Кичево – Охрид. Ова го покажува извештајот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за првата половина од 2023. 

До 1 јули за оваа година за реализација на автопатската делница Кичево – Охрид финансирана од кинеската Ексим Банка потрошени се 1,006 милијарди денари, или само 16,36 милиони евра, а до крајот на годината треба да биде одлучено дали ќе се продолжи рокот, или ќе се бара нов кредитор.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy