Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕГ со долг кон државата од 4,6 милиони евра оди во ликвидација
Економија

БЕГ со долг кон државата од 4,6 милиони евра оди во ликвидација

27/03/2023

AA

Балкан Енерџи Гроуп, некогашниот оператор со парно загревањето на скопјани, е пред ликвидација, но останува должен со 285 милиони денари, или околу 4,6 милиони евра, обврска кон државата по заемот што го доби со настапувањето на енергетската криза, дознава „Фактор“.

По превземањето на бизнисот со топлинска енергија од страна на државната компанија ЕСМ, многу малку во јавноста се зборуваше за обврските кои и останаа на приватната компанија Балкан Енерџи Груп кон државата. БЕГ во меѓувреме се откажа од дејноста поради финансиски проблеми и ги загуби лиценците.

Балкан Енерџи Груп остана должник на државата, по основ на субвенционирани средства од страна на Владата за набавка на природен гас кој е потребен за производство на топлинска енергија. 

Рокот до кој треба да се вратат парите во државната каса, според она што претходно беше објавено во јавноста, е заклучно првиот квартал од оваа година, кој изминува на крајот на месецов. Изминатиот период БЕГ Снабдување ги избриша своите три подружници и остана да работи само регистрираната фирма која има само еден вработен човек и ќе се обиде да ги наплати неподмирените долгови што ги нправиле граѓаните кон ова претпријатие изминатите години.

Во меѓувреме ЕСМ со посредништво на Регулаторната комисија за енергетика ќе направи „компензациски договор“ со БЕГ и ќе се обиде да ги наплати обврските од август па натаму. Како опција е и активирањето на меницата што своевремено ја приложи БЕГ, но тоа засега останува како непопуларна варијанта.

ЕСМ и БЕГ за грејната сезона 2021/2022 склучија Договорот за Деловно Техничка соработка во јануари 2022 година. Враќањето на средствата кон ЕСМ требаше да се реализира најдоцна до усвојување на годишната завршна сметка за 2022 година за БЕГ, односно март 2023 година.

Во меѓувреме АД ЕСМ по задолжение од Владата ја презема дејноста и обврската за обезбедување парно греење за градот Скопје, но не го презема во пакет правното лице БЕГ, ниту целосно вработените. 

Од како Владата реши да го земе под сопствена капа парното во Скопје, ја задолжи државната енергетска компанија ЕСМ да формира три компании за топлинска енергија: за производство, дистрибуција и снабдување. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Чучуљ: ДКСК нема надлежност да се меша во одлуките на

14/05/2026
Македонија

Метео аларм: Следуваат обилни врнежи од дожд во Македонија

14/05/2026
Македонија

Убиство во Битола, маж си ја уби сопругата

14/05/2026
Македонија

Странската комисија утврди сериозни пропусти кај девет пациенти – се

14/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова отвора Народна канцеларија за директен контакт со граѓаните

14/05/2026
Македонија

Украдоа велосипед пред теретана во Скопје, полицијата ги најде!

14/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова бара правни и политички гаранции од ЕУ

13/05/2026
Македонија

Уапсени 13 возачи, 12 возеле без дозвола, еден пијан!

13/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43261
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Чучуљ: ДКСК нема надлежност да се меша во одлуките на Обвинителството за случајот со мазутот

14/05/2026

Чучуљ: Институционална соработка наместо коментирање на обвинителски одлуки Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, изјави

Метео аларм: Следуваат обилни врнежи од дожд во Македонија

14/05/2026

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин

Убиство во Битола, маж си ја уби сопругата

14/05/2026

31-годишна жена денеска била убиена од нејзиниот 33-годишен сопруг во населбата Баир во Битола. Според информациите, убиецот е лишен од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy