Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Барди: Мора да го смениме менталитетот и да не бараме изговори – секој да преземе одговорност!
Спорт

Барди: Мора да го смениме менталитетот и да не бараме изговори – секој да преземе одговорност!

16/06/2023

AA

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој го даде првиот гол од пенал вечерва на мечот со Украина во кој Македонија од 2-0 успеа да загуби во последните пола час со 2-3, порача дека мора да се смени менталитетот и секој да преземе одговорност, а не постојано да се „вергла“ – недостаток на самодоверба, физичка неспремност…

Барди после болниот пораз од Украинците се отвори, истакнувајќи дека ова е еден од најтешките порази кои ги доживеал во кариерата.

„Ќе бидам најискрен, ова е еден од моите најтешки порази во кариерата. Многу лошо се чувствувам, зашто сѐ имавме во раце. Имавме 2-0, ама… Ќе бидам најискрен – мора да го смениме менталитетот. Тука е прашање во деталите, има моменти кога ќе се загубиме, примаме голови. Не знам што да кажам, дај боже секој после меч да размислува што и каде сме грешеле. Мора да најдеме начин како да се подобриме и како прво да ги поправиме нашите индивидуални грешки. Секој од нас мора да размисли како од ситуација 2-0 за нас – успеавме да загубиме“, вели Барди.

Тој посочи дека не верува во изговори за физичка подготвеност, за недостаток на самодоверба…

„Јас во тоа не верувам, ни физичка подготвеност, ни недостаток на самодоверба. Сѐ е во менталитетот. Една милионска Украина ја ставивме во џеб, еден час игледавме дека ние сме Барселона, а тие некој просечен клуб. Ама во второ, се појави еден проблем и тоа е менталитетот. Јас разбирам дека се случуваат грешки, ова е фудбал, не е плејстејшн, но мора секој да преземе одговорност, да каже и да размисли што може да поправам, каде сум згрешил. Сега сум многу емотивен, затоа велам не верувам јас во тоа за самодоверба, физичка (не)спремност, ова-она… Секој треба да преземе одговорност, секој да каже јас тика згрешив, таму не затворив. Секој од нас треба душата да ја даде на терен и да каже јас можам 60 минути, јас пет минути…

Сега нѐ чека многу важен меч во Англија, ние еден час покажавме дека можеме да играме со најдобрите, но тоа е една линија, која или ќе направиш нешто големо или не можеш да направиш. Мора да направиме состанок, да разговараме како да одиме напред. Сите ние тука доаѓаме за да одиме напред, не наназад“, додаде Барди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44914
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy