Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БАРААТ РАБОТА, АМА ДОЦНАТ НА ИНТЕРВЈУ: Кои се најчестите грешки кои младите ги прават?
Економија

БАРААТ РАБОТА, АМА ДОЦНАТ НА ИНТЕРВЈУ: Кои се најчестите грешки кои младите ги прават?

26/06/2025

AA

Од агенциите за
посредување при вработување, кои ги поврзуваат кандидатите за работа и
компаниите, објаснуваат дека една од најчестите грешки кои младите ги прават е
доцнењето на интервју. Се случува поради метеж во сообраќајот да доцнат 10 или
15 минути, но ако е повеќе од тоа, кандидатот остава лош впечаток и шансите
дека ќе ја добие работата се мали. Во поглед на облекувањето за
интервјуто за работа, од агенциите велат дека немаат некои посериозни
забелешки.

„Од нашето искуство, ние сме нови на пазарот, но сме поминале многу
процеси, масовни, за високи позиции и сето тоа е индивидуално. Ако прашувате за
младите, има лежерност во нивниот однос, знаат да доцнат на интервјуата. Доцнат
10-15 минути, а ако е повеќе или воопшто кандидатот не се појави, значи апликантот не е
заинтересиран за работата. Ние сакаме да ја развиеме свесноста кај нив дека
компаниите нема да го толерираат тоа. Има 20 отсто од кратките биографии кои се
напишани онака како проформа, а другите се уредни. Едно е кога ќе добиеме CV,
a поразлично е кога имаме разговор.
Во однос на облекувањето, зависно од позиција до позиција, начинот на
облекување најчесто се почитува. Ако е за повисоки позиции, за во банка, знаат
да дојдат во костум, додека кај младите има лежерност, но сепак се пристојни. Не
можеме да кажеме дека се тоа грешки, можеби кандидатите се неискусни, поминале само
2-3 интервјуа претходно. Треба да се охрабрат да одат почесто на интервјуа, ќе
научат многу за комуникацијата и како подобро „да ги продадат“ своите вештини“,
вели Марија Ваневски, регрутер од Тривити агенција од Скопје.

Им советуваат на
младите одењето на разговори за работа да не го гледаат како залудно изгубено
време, туку да учат од своите грешки и во иднина подобро да се претстават. Од
друга агенција во помал град, велат дека кај младите има доза на несериозност,
додека постарите се поодговорни.

„Несериозноста е
лоша работа. Може кандидатот и да не се појави или оди во фирмата на разговор и
си заминува брзо, не ни дослушува до крај кои се условите, оти има опции за во
странство. Постарите кандидати се посериозни, на крај се сведува на тоа кој
колку има потреба од наоѓање на работа и избор“, додаваат од агенција за
посредување при вработување во внатрешноста.

Експертите
советуваат кандидатите за работа да не доцнат на разговор, да бидат соодветно
облечени, да ги персираат луѓето со кои разговараат, да покажат флексибилност и
ентузијазам за работа, да не говорат лошо за претходните работодавачи, да не
покажат преценување, но и потценување во однос на платата, да бидат спремни да
се усовршуваат, да бидат реални во однос на своите квалификации и можности. Воедно,
треба да бидат информирани за компанијата во која аплицирале да работат, во
спротивно тоа ќе се смета за минус.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
Македонија

3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка

06/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕН ЛИМИТ, НОВИ ШАЛТЕРИ И ЦЕЛОСНА ИСПЛАТА НА ИДНИ ПРИЛИВИ

06/11/2026
Македонија

3.000 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ПО НОВ МОДЕЛ За одличните студенти по

06/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ПРЕГОВАРА СО СТУДЕНТИТЕ ЗА НОВИОТ СТУДЕНТСКИ ОБРОК Европскиот извештај

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46633
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА БАНКИТЕ Народната банка веќе ги

06/11/2026

Паниката што ја создава претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со најавите за домино-ефект во банкарскиот сектор е неодговорна и може

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од Ресен, Прилеп и од Охрид

06/11/2026

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „Алта банка“ АД Битола, а

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА БАНКА“ Тоа е најдобриот начин

06/11/2026

Шест потенцијални инвеститори ќе имаат состаноци со претставници на Народната банка за можна продажба на „Алта банка“ АД Битола. Разговори

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy