Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти
Македонија

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

03/05/2025

AA

По најавата на шефот на новата германска влада дека систематски ќе спроведува строга миграциска политика од првиот ден, што вклучува затворање на границите за нелегалните имигранти, австрискиот канцелар Кристијан Штокер предупреди на неопходноста од координација со австриските власти.

„Се надевам дека ќе најдеме решение за внатрешните граници на Европската Унија кое ќе биде во духот на партнерството и кое ќе се базира на постојните закони“, изјави новиот австриски канцелар Кристијан Штокер во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Тој реагираше на најавите на идниот германски канцелар Фридрих Мерц и началникот на кабинетот Торстен Фрај дека мерките за спречување на нерегулиран влез во Германија ќе бидат спроведени „од првиот ден“ од доаѓањето на власт на новата христијанско-социјалдемократска влада, која треба да положи заклетва во вторник.

Австрија бара почитување на законските процедури

Штокер објави дека Австрија „нема да прифати назад никого“ кој ќе биде вратен од австриско-германската граница „надвор од постапката регулирана со закон“.

Новата германска влада објави дека ќе им забрани влез во Германија на сите оние кои доаѓаат да аплицираат за азил и кои претходно влегле во Европската Унија преку друга земја-членка. Воедно, беше нагласено дека подготовката на овие мерки се спроведува во договор со соседите Австрија, Полска и Франција.

Фридрих Мерц планира да ги посети Франција и Полска на својот прв ден како канцелар.

Штокер (Австриска народна партија ÖVP) генерално ја поздрави најавата на новата германска влада дека поинтензивно ќе се бори против нерегуларната миграција, но во исто време истакна дека е потребна уште подобра заштита на надворешните граници на ЕУ.

„Тоа мора да биде заедничка цел“, рече Стокер.

Премалку полицајци за спроведување на најавените мерки

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy