Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Астон Вила е хит на Премиер лигата – го надигра Сити и го помина на табелата (ВИДЕО)
Спорт

Астон Вила е хит на Премиер лигата – го надигра Сити и го помина на табелата (ВИДЕО)

06/12/2023

AA

Астон Вила е најпријатното изненадување во Премиер лигата оваа сезона и по 15. коло неочекувано се наметна како сериозен кандидат за титулата или евенруално за пласман во Лигата на шампионите.

Тимот од Бирмингем вечерва убедливо го надигра актуелниот англиски и европски првак Манчестер Сити и може да жали што победи само со 1-0. Статистиката покажува дека домашните фудбалери упатија 22 шута кон противничкиот, наспроти само два на Сити кој одамна не бил вака понижен и беспомошен на теренот. Големата доминација со погодок ја круниса Бејли во 74. минута иако мора да се знае дека имаше многу среќа бидејќи неговиот удар го погоди Диас и го измами Едерсон.

LEON BAILEY WHAT A GOAL. IT WAS COMING pic.twitter.com/hal2KpvbO5

— Kay | Snapchat & IG Ads (@Emini_Sir_Kay) December 6, 2023

Со оваа победа, Астон Вила го помина Манчестер Сити и се искачи на третата позиција на табелата во Премиер лигата. Освен тоа, дојде до 14. триумф во низа на домашен терен, а во следното коло ќе го пречека Арсенал и ќе има шанса да му се доближи на само еден бод. За Сити ова беше четврти натпревар по ред без победа во првенството и сега заостанува шест бода во однос на лидерот.

Од останатите натпревари вечерва, Манчестер Јунајтед оствари исклучително важна победа со 2-1 во дербито против Челси, а Ливерпул остана во чекор со Арсенал откако го совлада Шефилд Јунајтед со 2-0

РЕЗУЛТАТИ
Брајтон – Брентфорд 2-1
Кристал Палас – Борнмут 0-2
Фулам – Нотингем Форест 5-0
Шефилд Јунајтед – Ливерпул 0-2
Астон Вила – Манчестер Сити 1-0
Манчестер Јунајтед – Челси 2-1

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
Македонија

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026

31/07/2026
Македонија

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот

31/07/2026
Македонија

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
Македонија

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026
Македонија

Мицкоски за вратениот пасош на Маркоски: Има груба манипулација од

31/07/2026
Македонија

Стабилизација во Гостивар

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44781
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти во Кичево

31/07/2026

Општина Кичево ги извести граѓаните дека е воведена привремена забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти, по

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026 година, поддржани од зголемена комерцијална

31/07/2026

Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот

31/07/2026

Полицијата презема интензивни мерки за откривање на сторителот откако на гробиштата кај црквата „Св. Богородица“ во струшкото село Боровец биле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy