Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО НА РЕДОВНА СРЕДБА СО ЕКОНОМСКИОТ ТИМ НА ВЛАДАТА
Економија

АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО НА РЕДОВНА СРЕДБА СО ЕКОНОМСКИОТ ТИМ НА ВЛАДАТА

24/03/2023

AA

Постојаниот партнерскиот однос и
комуникацијата меѓу компаниите од приватниот сектор и институциите се клучни за
спроведување на суштински консултации и заемен дијалог, со цел постигнување на
вистински резултати.

За таа цел Асоцијацијата на
странски компании со технолошки напредно производство при Стопанската комора на
Северна Македонија денес одржа редовна работна средба со вицепремиерот Битиќи и
економскиот тим на Владата на Република Северна Македонија.

Оваа Асоцијација како највисок
репрезент на странските инвеститори во ТИРЗ и индустриските слободни зони, се
залага за креирање на економските политики за подобрување на деловното
окружување кои се клучни за работата на странските компаниите во инклузивен процес.
Во овој процес особено важно е Владата да ги слушне и разбере потребите на
компаниите,  но и врз основа на тие
потреби да преземе конкретни активности за унапредување на условите коишто се
од значење за работењето на компаниите со технолошки напредно производство, а
во функција на зголемување на продуктивноста, конкурентноста, атрактивноста на
земјава за задржување на постојните и привлекување нови инвеститори.

На денешниот состанок со
економскиот тим на Владата беа презентирани клучните иницијативи и предлози на
странските компании, со цел олеснување на работењето во специфични области:
даночна и царинска политика, работни односи, образовен систем, работна сила,
државна помош и друго. Повеќето од барања се и претходно дискутирани, но за дел
од нив без конкретни резултати. Така, тема на денешната дискусија беа барањата
поврзани со реализација на конкретни инфраструктурни објекти, барања за
олеснување на ангажирање на работна сила од странство, со особен акцент на експерти од профили кои недостигаат во земјава,
дефинирање на јасни и унифицирани правила и усогласен пристап на институциите
за оправдани инвестициски трошоци за државна помош, превод и примена на
меѓународните сметководствени стандарди за финансиско известување, барање за
усогласување на висината на грантовите за отворање нови работни места со растот
на минималната плата, иницијатива за враќање на третманот на признаен расход за
даночни цели на трошоците по основ на премии за приватно здравствено
осигурување уплатени од страна на работодавецот, а во име и сметка на
работникот и друго.

Од Владата беа согласни дека и
во иднина треба да останат отворени за дијалог и важно е двете страни да ги
почитуваат договорените обврски, но и да се испорачаат конкретни резултати низ
активности кои се во интерес на економскиот развој на државата и подигнување на
животниот стандард на граѓаните.

Асоцијацијата на странски
компании со технолошки напредно производство ги застапува интересите на извозните компании со технолошко напредно
производство со доминантно учество на странски капиталод
технолошко-индустриските развојни зони и од индустриските зони од целата држава,
кои вработуваат повеќе од 35.000 лица, со реализиран извоз од државата близу
60% во 2022 година и со реализирани инвестиции околу 1 милијарда евра до сега.

Истите значајно влијаат на
економски раст на земјата преку креирање на нови и добро платени работни места,
пораст на продуктивноста на работната сила, пристап до нови технологии и
знаења, развој и усвојување на современи менаџерски вештини и на општата
благосостојба во општеството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy