Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АПСИ: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет
Македонија

АПСИ: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023

AA

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС ја оценува одлуката на Државна лотарија за капитално учество во основањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа на интернет за упад во досегашниот систем на игри на среќа.

Клучната дилема е дали е ова вовед во ставањето клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали државата сака да остави 10 илјади луѓе без работа за да остварува буџетски приходи преку онлајн игри на среќа? Зошто упорно се игнорира мислењето на АПИС и АСОМ?  Дали студијата која е направена укажува дека интернет игрите на среќа заради полесната достапност се потенцијално поголем ризик за младината?

Целокупниот процес е нетранспарентен и со месеци се криел од јавноста. Може само да претпоставуваме кои се мотивите за вака погрешен пристап. Не слушнавме ниту еден издржан аргумент зошто на државата под овие услови и се потребни три нови компании кои ќе организираат игри на среќа на интернет. Отворено се сомневаме дека условите кои треба да се исполнат се креирани така да однапред се знае кој ќе бидат партнерите на Државна лотарија. Скандалозно е да не се почитуваат реализираните инвестиции на актуелните приредувачи на игри на среќа, кои и во овој случај се дискриминирани, иако на дел од нив капиталот им доаѓа од земји членки на ЕУ. Уште пострашно е што ќе се дозволи на компанија која нема ниту еден вработен да приредува игри на среќа, што е надвор од економската логика и спротивно на високите стандарди во индустријата.

Ја повикуваме Владата и Државната лотарија да ја преиспитаат одлуката за организирање игри на среќа преку интернет. Без јавна расправа, без да се чуе мислењето на експертската јавност, секое продолжување на постапката ќе биде штетен преседан со сериозни последици. Актуелните приредувачи на игри на среќа како најголем работодавец во земјата имаат право да бараат нивниот глас да се слуша. Нема да дозволиме заради нечии лични бизнис апетити да се разградува постоечкиот систем на игри на среќа, кој е еден од најстрого регулираните во регионот и пошироко.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска

17/02/2026
Македонија

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник

17/02/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026
Македонија

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло

17/02/2026
Македонија

Караман официјално признаен како автентична македонска раса

17/02/2026
Македонија

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41556
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Снежна лавина на Попова Шапка повреди 24-годишен турист од Данска

17/02/2026

На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник дневната температура во пораст

17/02/2026

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026

Народниот правобранител постапува по службена должност поради сериозните поплави кои го погодиле Кичево, информира заменик-народниот правобранител Илбер Руфати од подрачната

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy