Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Бунар без дно“, милионски тендери во Државна лотарија и нови лиценци за организирање игри на среќа
Македонија

„Бунар без дно“, милионски тендери во Државна лотарија и нови лиценци за организирање игри на среќа

28/09/2023

AA

И покрај тоа што Законот за приредување игри на среќа е јасен, наместо тој да обезбеди домаќинско работење и слевање на пари во буџетот, од сметката на Државна лотарија милионски суми, преку договори за јавни набавки се одлеваат во приватни компании. Нереално високи суми за услуги на компании блиски до владејачката ДУИ и зголемување трошоците  за плати и бонуси за 40 проценти во услови кога компанијата работи со загуба се само дел од спорните моменти во работењето на државната компанија за игри на среќа.

Имено, „Државна лотарија“ е компанија основана од страна на државата, во период кога владата беше предводена од страна на ВМРО ДПМНЕ, за да го сруши монополот што тогашната приватна „Лотарија на Македонија“ го имаше на пазарот. Но, наместо да понуди нови производи за граѓаните и да инкасира пари во буџетот кои ќе се користат здравствени и социјални цели,  „Државната лотарија“ реди милионски тендери. Така компанијата која се финансира по две основи, првиот е од приредување на игри на среќа, а вториот од дивидендата што ја добива од Државната видео лотарија е претворена во институција од која милионски суми, наместо во државниот буџет завршуваат во приватните компании.

Така, согласно податоци од Електронскиот систем за јавни набавки, каде сите податоци се објавуваат јавно и транспарентно, оваа компанија во текот 2022 и 2023 година има потрошено милионски суми за јавни набавки, по различни основи. Сите тендери и јавни набавки се одобрени од управниот и надзорниот одбор на компанијата, поставен од страна на Владата на Република Македонија. Имено, компанијата која има свој деловен простор во зградата на Македонската телевизија, одлучува да изнајми дополнителен деловен простор на површина од цели 2000 квадратни метри, лоциран токму во Качанички пат, а истовремено склучен е договор за реновирање на ново закупените деловни простории. Тука се поставува прашањето, дали компанија која во изминатите две години, не остварува профит во работењето, има потреба од нови деловни и реновирани простории, имајќи го предвид фактот дека компанијата располага со деловни простории во зградата на МРТВ.Освен тендерот за закуп на деловни простории и нивно реновирање, компанијата во изминатиот период склучила договор од 5 милиони евра за организирање обуки со „Литера Академи“ од Тетово и договор за организирање на деловни состаноци во висина од 4 милиони евра со компанијата „Медиа Гроуп“ од Тетово. Дополнително, во изминатиот период компанијата реализирала тендер за продукција на забавна ТВ емисија во висина од 35 милиони денари склучен со ЛЕМОН МАРКЕТИНГ ДОО. Како посебно високи суми, системот за јавни набавки ги евидентира тендерот за обезбедување на простории од 17 милиони денари, каде договорот е доделен на компанијата „2СС ДООЕЛ“ од Кичево, како и тендер за рекламирање и ребрендирање од 15 милиони денари со компанијата „Арберија Дизајн“.Од финансиските извештаи на државното претпријатие може да се забележи дека во услови на загуба, компанијата ги зголемила трошоците за бонуси и плати за цели 40 проценти.

Паралелно со ова во период кога државата најавува поригорозни закони за приредувачите на игри на среќа и нивно дислоцирање од средина каде има основни и средни училишта, Владата со потпис на вицепремиерот Артан Груби носи одлука со која на компанија  блиска  бугарското подземје и се овозможува во партнерство со „Државната лотарија“ да регистрира три субјекти преку кои ќе приредува он-лајн обложување на пазарот во Македонија.

За конкретниот случај на прес конференција говореше и политичката партија ВМРО ДПМНЕ од каде прашаа дали владата со потпис на Артан Груби ја отвори вратата за криминалните пари на бугарското подземје и ја стави Македонија во партнерство со бугарската мафија.

Извор: Скопје инфо

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
Македонија

Разбојништво на плоштадот во Охрид: Со остар предмет нападнати тинејџери

02/08/2026
Македонија

Тошковски: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и

02/08/2026
Македонија

Се скарале за паркинг во Охрид, па му вперил пиштол

02/08/2026
Македонија

Ахмети со честитка за Илинден: Слободата се гради врз еднаквост,

02/08/2026
Македонија

Утрово спасувачка акција кај манастирот Св. Илија во Струмица, мајка

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44811
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои двајца тешко

02/08/2026

На 01.08.2026 во 09:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај клучката за кичевското

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026

На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа претепала вработена

02/08/2026

На 01.08.2026 во 10:45 часот во Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид  од слобода е лишен 48-годишен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy