Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет
Економија

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023

AA

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС ја оценува одлуката на
Државна лотарија за капитално учество во основањето три нови трговски друштва
за организирање игри на среќа на интернет за упад во досегашниот
систем на игри на среќа, велат во своето соопштение до медиумите од 
Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС)

„Клучната дилема е дали е ова вовед во ставањето клуч на врата на обложувалниците
и автомат клубовите? Дали државата сака да остави 10 илјади луѓе без работа за
да остварува буџетски приходи преку онлајн игри на среќа? Зошто упорно се
игнорира мислењето на АПИС и АСОМ?  Дали
студијата која е направена укажува дека интернет игрите на среќа заради
полесната достапност се потенцијално поголем ризик за младината?

Целокупниот процес е нетранспарентен и со месеци се криел од јавноста. Може
само да претпоставуваме кои се мотивите за вака погрешен пристап. Не слушнавме
ниту еден издржан аргумент зошто на државата под овие услови и се потребни три
нови компании кои ќе организираат игри на среќа на интернет. Отворено се
сомневаме дека условите кои треба да се исполнат се креирани така да однапред
се знае кој ќе бидат партнерите на Државна лотарија. Скандалозно е да не се
почитуваат реализираните инвестиции на актуелните приредувачи на игри на среќа,
кои и во овој случај се дискриминирани, иако на дел од нив капиталот им доаѓа
од земји членки на ЕУ. Уште пострашно е што ќе се дозволи на компанија која
нема ниту еден вработен да приредува игри на среќа, што е надвор од економската
логика и спротивно на високите стандарди во индустријата.

Ја повикуваме Владата и Државната лотарија да ја преиспитаат одлуката за
организирање игри на среќа преку интернет. Без јавна расправа, без да се чуе
мислењето на експертската јавност, секое продолжување на постапката ќе биде штетен
преседан со сериозни последици. Актуелните приредувачи на игри на среќа како
најголем работодавец во земјата имаат право да бараат нивниот глас да се слуша.
Нема да дозволиме заради нечии лични бизнис апетити да се разградува
постоечкиот систем на игри на среќа, кој е еден од најстрого регулираните во
регионот и пошироко“, се вели во соопштението од АПИС.

ПР Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија или еднаш Канада

12/06/2026

Додека глобалните пазари сè уште ги сумираат ефектите од историското излегување на SpaceX на берзата во јуни 2026 година, споредбите

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје за речиси пет минути

12/06/2026

Во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, организирана од здружението „Go Green“, медиуми и учесници најпрво патуваа со

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

12/06/2026

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy