Алкараз во три сета го здроби Арналди за четвртфинале на Ју-Ес Опен
Алкараз го освои првиот сет за само 33 минути со 6-3, а идентично беше и во вториот сет кога Шпанецот славеше со 6-3.
Арналди се бореше во третиот сет до 4-4, по што Алкараз направи со еден брејк го доби сетот со 6-4 и се пласира во четвртфинале.
Шпанецот во следниот дуел ќе се бори со победникот од мечот меѓу Александер Зверев и Јаник Синер.