Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алабама: Осуденик за прв пат погубен со азотен гас
Македонија

Алабама: Осуденик за прв пат погубен со азотен гас

27/01/2024

AA

Во американската сојузна држава Алабама за прв пат беше погубен осуденик користејќи азотен гас, што таа држава во САД го нарече „најбезболен и најхуман метод на егзекуција досега“, додека противниците тврдат дека методот е суров и експериментален.

Кенет Смит, 58-годишен маж, осуден за убиство, е убиен во четвртокот вечерта, изјави гувернерот на Алабама Кеј Ајви, пренесува Танјуг, цитирајќи го Ројтерс.

Тој беше прогласен за мртов во 20:25 часот по локално време во затвор во Алабама.

На Смит му била ставена маска и преку неа вдишал чист азотен гас, предизвикувајќи недостаток на кислород.

Најчесто користена смртоносна инјекција

Досега најкористен метод на егзекуција во САД е смртоносната инјекција, која е воведена во 1982 година.

Егзекуцијата со азотен гас никогаш досега не била користена за извршување на смртна казна во САД.

Егзекуцијата на Смит, потсетува Гласот на Америка, следеше по правна битка во која адвокатите на Смит тврдеа дека државата го користи како „морско свинче“ за експериментален метод на егзекуција што може да ја прекрши уставната забрана за сурово и невообичаено казнување.

Федералните судови го отфрлија обидот на Смит да го спречи извршувањето со азотен гас, а последната одлука беше донесена во четвртокот вечерта од Врховниот суд на САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy