Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јакимовски: Македонија е заглавена во популизам – претседателот мора да биде коректив, а не послушник на власта
Македонија

Јакимовски: Македонија е заглавена во популизам – претседателот мора да биде коректив, а не послушник на власта

12/05/2026

AA

Во гостувањето на „4ТВ“, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, се осврна на мотивите за неговата претседателска кандидатура, посочувајќи дека државата се наоѓа во опасна стагнација поради недостаток на визија и заробеност во партиски популизам.

Против популизмот во надворешната политика

Јакимовски смета дека функцијата претседател на државата е клучна за надворешната политика, која во моментов е жртва на теснопартиски интереси и застарени методи.

„Надворешната политика ни е оптоварена од една партија и нејзината заробеност во минатото. Популизмот можеби поминува дома, но во надворешната политика тој прави директна штета на државата. Кога претседателот и власта се од иста партија, немате никаков коректив. Власта не е подготвена да се преиспита, дури и кога политиките се штетни за граѓаните“, истакна Јакимовски.

Според него, патот кон Европската Унија е претворен во празна реторика. Тој упати критика дека државата само декларативно се залага за ЕУ, додека во пракса не прави ништо за да го подготви стопанството или да ги подобри стандардите.

Јакимовски предлага ако патот кон ЕУ е блокиран, државата да не чека во лимбо, туку активно да бара економски партнери кои ќе инвестираат и ќе отвораат трговски патеки.

Тој алармира за „тотална деиндустријализација“ и дебакл во земјоделството.

„Трошиме милијарди на земјоделство, а неговото учество во БДП падна од 13% на само 5%“.

Најзагрижувачкиот тренд, според Јакимовски, е масовното иселување на веќе ситуирани и материјално обезбедени луѓе. Тие не бегаат од сиромаштија, туку од нефункционалниот систем.

„Луѓето ја напуштаат Македонија заради лошото функционирање на правната држава, администрацијата, полицијата и политиката. Ова што денес му се случува на Карпош е типичен пример за лошо функционирање на политиката. Во развиена држава, ако градоначалникот не може или не сака да работи, веднаш се дава оставка и се оди на избори. Кај нас, партискиот интерес е секогаш пред интересот на граѓаните“, дециден е Јакимовски.

Тој заклучи дека претседателот мора да биде гласот на разумот кој ќе бара излез за стопанството и подобар живот за граѓаните, наместо да биде само нем набљудувач на системското пропаѓање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy