Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Адвокатот на Јанакиевски: Пресудата за „ТНТ“ е катастрофално напишана
Македонија

Адвокатот на Јанакиевски: Пресудата за „ТНТ“ е катастрофално напишана

08/05/2023

AA

Адвокатот на обвинетиот Миле Јанакиески во случајот „ТНТ-рушење на КОСМОС“, Еленко Миланов оцени дека пресудата за овој предмет е катастрофално напишана.

-Станува збор за една катастрофално напишана пресуда која и не можеше да биде поинаку напишана, со оглед на катастрофалното обвинение, истакна Миланов во изјава за медиумите во врска со денешната јавна седница за предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ во Апелациониот суд Скопје.

Тој посочи дека во конкретниот случај, за овој предмет, има класична пресудена работа во однос на главните извршители, а тоа се Тони Трајковски и инспекторката Елизабета Најдовска.

– Затоа што Судот има донесено за истиот опис, за истите настани, за истиот објект, своја одлука со која што е затворена судска постапка по кривичен предмет, тоа е основ да не може понатаму да се продолжи, изјави Миланов.

Според него, тогашното СЈО, во момент кога постои правосилен обвинителен акт потврден од судија дека е сторено кривично дело – бесправна градба, поднесува обвинение.

– Во ист момент егзистираат неправосилно обвинение и правосилен обвинителен акт. Неправосилно обвинение за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и правосилно обвинение кое што утврдува дека постојат основи за сомнение дека е сторено кривично дело – бесправна градба, тоа не смее да се дозволи, рече тој.

Миланов смета дека тоа претставува преседан во судската пракса и неискуство на тогашното СЈО.

– Доколку сакаат нешто да направат, ќе влезеа во судница ќе изведеа два докази и тогаш ќе се повлечеа и сè ќе беше по закон. Без да се влезе во судница, без да се изведе ниту еден доказ, она што е потврдено од судија на претходна постапка, се повлекува со писмен допис. Зошто, за да опстане ова обвинение. Што е тоа? Повторно, надвор од сите прописи и надвор од Законот за кривична постапка и одредбите од КЗ, постапување на тогашното СЈО, недозволено, појасни Миланов.

Тој потсети на помилувањето за обвинетиот Миле Јанакиевски и барањето од Стразбур нашите судови да одлучат по однос на истото.

– Постои помилување за Миле Јанакиески и за тие помилувања и самиот суд во Стразбур кажа дека треба да одлучат нашите судови, за да може да тие го испитуваат, а помилувањето не е спорно. Никогаш не е оспорено ниту едно од тие 56 решенија за помилување на кое било лице од претседателот Иванов пред Уставен суд, за тие решенија веќе постојат одлуки на нашите правосудни органи, рече тој.

Адвокатот побара, како што рече, „целата оваа голгота на луѓето, посебно на Миле Јанакиевски, да ја прекинат, затоа што Јанакиевски во овој момент има четири години и десет месеци притвор или домашен притвор“.

Одбраната на денешната јавна седница во Апелација истакна дека во пресудата на Кривичен има повеќе повреди на кривичната постапка и истата е неиздржана.

Жалби за оваа пресуда има поднесено и ОЈО ГОКК поради погрешно утврдена фактичка состојба, ослободителен дел со предлог апелација да ја преиначи одлуката.

Првото рочиште за овој случај во Основен кривичен суд Скопје беше одржано на 24 јануари 2018 година. Судењето за овој предмет го водеше судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Според обвинителниот акт поднесен од поранешното СЈО, во временскиот период од 01.04.2011 година до крајот на 2012 година во Скопје, обвинетиот Никола Груевски, во својство на премиер на Владата и обвинетиот Миле Јанакиевски – министер за транспорт и врски, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Фиат Цаноски за неговата политичка одлука, кој како претседател на политичката партија ПЕИ, ја напуштил коалицијата со политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичката партија СДСМ, искористувајќи ја нивната реална моќ со умисла го поттикнале обвинетиот Тони Трајковски, тогашен градоначалник на општина Гази Баба, да стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” и да тој ја искористи својата службена положба и незаконски да го сруши станбено-деловниот објект Космос што бил граден од оштетениот-инвеститорот оштетениот Фиат Цаноски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички лесно се преместуваат, со регионализација

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ одговори на двете главни дилеми кои подолго време

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството за здравство

18/06/2026

Проектот за директна комуникација со граѓаните преку веб-страницата на Министерството за здравство почна да ги дава првите финални резултати. Како

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите – лековите пратени во Германија на

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го претстави планот за спас на вредна медицинска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy