Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „АДИНГ“ ЈА ИМА ДОБИТНАТА ФОРМУЛА! Како добивката на оваа скопска хемиска индустрија порасна за 82 отсто?!
Економија

„АДИНГ“ ЈА ИМА ДОБИТНАТА ФОРМУЛА! Како добивката на оваа скопска хемиска индустрија порасна за 82 отсто?!

10/03/2025

AA

„Адинг“ лани во секој квартал го натфрлал планот за производство при што најмалото натфрлање било 20 проценти, а најголемото 150 отсто. Компанијата го зголемила извозот за 21 процент, домашните продажби пораснале 6 отсто и тоа на крај создало добивка од 1,18 милиони евра

Реномираната македонска индустрија „Адинг“ специјализирана за хемиски материјали наменети за градежништво имаше одлична деловна година. Нејзиниот менаџмент лани успеа да направи оптимизација меѓу приходите и трошоците, а при тоа да го зголеми и домашното пазарно учество, но што е поважно да го зголеми девизниот прилив од извоз за 21 отсто.

Приходите од продажба на „Адинг“ лани изнесуваат 9,4 милиони евра и за се 12 отсто повисоки од претходната споредбена година. Во структурата на приходи домашниот пазар учествувал со 4,8 милиони евра што е за 6 отсто повеќе од претходната споредбена година. Овој параметар укажува дека, од аспект на потреба за хемиски материјали за градежништво, годината не била лоша, напротив. Се градело и тоа поинтензивно од 2023 година.

Извозот на „Адинг“ лани му донел 4,2 милиони евра. И тоа е за 21 отсто подобар резултат од претходната 2023 година. Навистина годи кога македонска компанија има раст на извозот. Тоа укажува на нејзината конкурентност на странски пазари, па макар тие биле и регионални. Половина од извезените хемиски материјали за градежништво кои ги произведува „Адинг“ ги апсорбирал српскиот градежен пазар.Тоа е многу важен индикатор од кој може да се извади заклучок дека компанијата е компетитивна и може да конкурира и да добие работа или да продаде продукти и на странски пазари на кои условите и опкружувањето се различни, а и конкуренцијата е поголема.

Оперативните расходи на „Адинг“ покажуваат дека компанијата лани потрошила 8,4 милиони евра. Тоа е за 9 отсто повеќе од 2023 година. Но проценутално споредувано зголемувањето на оперативните расходи е помало од зголемувањето на приходите од продажба. Тоа ја донело разликата во профит меѓу 2024 година и претходната споредбена година.

Најголема ставка се трошоците за суровини и материјали и тие изнесуваат 5,2 милиони евра. Тука има зголемување од 17 отсто во споредба со 2023 година. За своите вработени „Адинг“ лани потрошил 1,4 милиони евра што е за 12 отсто милиони евра повеќе од 2023 година.

Нето добивката на „Адинг“ лани изнесува 1,18 милиони евра што е за 532.000 евра подобар резултат.

Вреди да се истакне фактот дека „Адинг“ е ниско задолжена компанија. Од увидот во билансот на состојба се гледа дека има само долгорочни кредитни обврски, но и тие се намалени за 40 отсто во споредба со 2023 година. Нивниот износ на крај на 2024 година бил 732.000 евра. Вкупните обврски на „Адинг“ на крај на 2024 година изнесувале 2,65 милиони евра и се речиси идентични како и во 2023 година. Од тоа обврските спрема добавувачите биле 1,64 милиони евра на крај на 2024 година. Но тоа е категорија која може да се менува од ден во ден во зависност од договорените динамики на наплата и исплата.

Главнината и резервите на „Адинг“ на крај на 2024 година вредат 7,47 милиони евра, компанијата има акумулирана добивка од 2,85 милиони евра.

Н.С. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“ СО БЛОКАДА ПРЕД ВЛАДАТА Протест против фемицидот

20/11/2026
Македонија

ЗА ОДБРАНАТА НА РИСТОВ СПОРНО Е КАКО СЕ СОБРАНИ МАТЕРИЈАЛИТЕ

20/11/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ ПРЕТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИК ВО ОХРИД, ГО УДИРАЛЕ СО ПЕНДРЕК И

20/11/2026
Македонија

ФОЛИИТЕ СО ЕВРАТА ГИ СТАВАЛЕ НА ПОД, МОЖЕН Е ПРЕНОС

20/11/2026
Македонија

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ГРИПОТ, ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД Најмногу заболени

20/11/2026
Македонија

ПРИЈАВИЛЕ ИНДУСТРИСКА, А УВЕЗУВАЛЕ НЕЈОДИРАНА СОЛ Царината спречи нелегален внес

20/11/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДВЕ ЛИЦА И ДВЕ ФИРМИ ЗА СМРТТА НА

20/11/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46856
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“ СО БЛОКАДА ПРЕД ВЛАДАТА Протест против фемицидот и насилството врз жените

20/11/2026

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ денеска организира блокада пред Владата против фемицидот, насилството и институционалната неодговорност. Блокадата следува по случајот

ЗА ОДБРАНАТА НА РИСТОВ СПОРНО Е КАКО СЕ СОБРАНИ МАТЕРИЈАЛИТЕ ШТО СЕ АНАЛИЗИРАНИ Никој не

20/11/2026

Обвинителката Искра Хаџи Василева од ОЈО ГОКК оцени дека денешното мислење на вештото лице презентирано од одбраната на разрешениот апелацискиот

ПОЛИЦАЈЦИ ПРЕТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИК ВО ОХРИД, ГО УДИРАЛЕ СО ПЕНДРЕК И ТВРД ПРЕДМЕТ Двајца охридски полицајци

20/11/2026

Тројца полициски службеници, двајца од Охрид и еден од Србија, се под сомнение дека употребиле физичка сила, гумена палка и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy