Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јадевме бисквити и вода, немав пари за млеко: Маја Оџаклиевска поминала низ трнлив пат како самохрана мајка
Магазин

Јадевме бисквити и вода, немав пари за млеко: Маја Оџаклиевска поминала низ трнлив пат како самохрана мајка

23/09/2024

AA

Пејачката Маја Оџаклиевска сама ги одгледа ќерките Теа и Андреа, бидејќи никогаш не се омажи за таткото на својата прва ќерка, а брзо се разведе од таткото на втората.

Брак со таткото на првото дете не ја интересирал, додека таа решила да се омажи за таткото на втората ќерка, како што вели, на негово убедување.

-Не се омажив за таткото на Теа, Александар, затоа што тоа не ме интересираше. Не ме интересираше да готвам ручек и да водам таков живот. Но, се омажив со таткото на Андреа, Енес, на негово инсистирање. Се венчавме, но тоа беше краткотрајно. Тие се важни за моите деца, па затоа одржував врска со нив. Со таткото на Теа бев пријател до минатата година, кога почина. Одам на ручек и со таткото на Андреа, кој има жена и две ќерки, кога ќе дојдат во Белград. Не се разделив со никого на грд начин, изјави своевремено пејачката.

Таа не крие дека како самохрана мајка се соочила со бројни проблеми.

-Имаше страшни моменти кога сама ги растев и воспитував моите ќерки. Порано јадевме бисквити со вода бидејќи немавме пари за млеко. Беше тешко до тој степен. Не можев да работам, а сè уште не сакав да правам компромиси и да пеам нешто што не можам да го поднесам. Додуша еднаш пробав. Преку менаџер од Радио Белград прифатив тезга во Германија за да заработам за децата. Работевме петок, сабота и недела. По тие три дена си реков: „Никогаш повеќе“, се присети Маја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

17 пожари на отворен простор регистрирани до 13 часот, 11

22/08/2026
Македонија

Над 260 прекршоци во една вечер во Скопје, санкционирани 102

22/08/2026
Македонија

Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи

22/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ евидентирал над 310 илјади прекршоци, најголем дел за

22/08/2026
Македонија

Центарот за кризи со „важно соопштение“: Поради жештините возовите наместо

22/08/2026
Македонија

546 лица починале од насилна смрт во 2025 година –

22/08/2026
Македонија

Земјоделците со повисоки трошоци, а пониски цени на производството

22/08/2026
Македонија

До 39 степени, па нагло заладување: Вака ќе биде времето

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45180
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

17 пожари на отворен простор регистрирани до 13 часот, 11 сè уште активни

22/08/2026

Зголемен број пожари на отворен простор се регистрирани во текот на денешниот ден, а најголем дел од нив сè уште

Над 260 прекршоци во една вечер во Скопје, санкционирани 102 мотоциклисти

22/08/2026

Засилените сообраќајни контроли во Скопје продолжуваат, а при синоќешната акција полицијата санкционирала стотици возачи поради различни прекршоци. Посебен фокус бил

Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

22/08/2026

Сончево и многу топло. Попладне претежно во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд и појава

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy