Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 40 дена притвор за македонски државјанин баран со меѓународна потерница
Македонија

40 дена притвор за македонски државјанин баран со меѓународна потерница

05/05/2024

AA

Денеска ссновниот суд во Урошевац соопшти дека му изрекол мерка притвор во траење од 40 дена на македонски државјанин, кој е уапсен од косовската полиција на 3 мај, врз основа на меѓународна потерница, издадена на барање на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на судот во Урошевац, против лицето, идентификувано со иницијалите Б.К., е покрената потерница од Интерпол, поради сомневање дека е сторител на кривични дела „подготовка на терористички дела и разбојништво“.

– Против обвинетиот е распишана меѓународна потерница од Интерпол, со барања од 2 април 2005 година и 9 мај 2008 година од државата Северна Македонија. Обвинетиот Б.К. е осомничен дека ги сторил казнените дела во државата Северна Македонија и на 03.05.2024 година е приведен и уапсен од Единицата за брзи интервенции и Единицата за борба против наркотици во Урошевац, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека странките се известени оти жалбата против ова решение не го одлага неговото извршување.

Од македонското Министерство за внатрешни работи за МИА информираат дека се известени за апсењето од косовските колеги.

Медиумите во земјава јавуваат дека станува збор за Агим Красниќи, неговиот брат Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи кои се уапсени во Урошевац. За нив се распишани меѓународни потерници од страна на македонската полиција. Агим Красниќи е во бегство од февруари во 2020 година, кога не се врати во штипскиот затвор по слободен викенд. За доиздржување на казната затвор има уште 3 години и 3 месеци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Италијански експерти ги обучуваат воздухопловните единици на МВР според европски

23/04/2026
Македонија

ЗА СЕКОЈ ДЕНАР АКЦИЗА ОД ТУТУН, ДРЖАВАТА ПЛАЌА СКОРО 4

23/04/2026
Македонија

Сообраќаен хаос на обиколница кај Скопје: Тешка несреќа и километарски

23/04/2026
Македонија

СЕ СУДРИЈА ДВА КАМИОНА И АВТОМОБИЛ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Сообраќајот

23/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – едно лице

23/04/2026
Македонија

Претрес во Скопје: Пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице!

23/04/2026
Македонија

ЗОРАН РИСТОСКИ Е НОВИОТ ПРВ ЧОВЕК НА ЈАВНИОТ СЕРВИС Советот

23/04/2026
Македонија

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради меморијална

23/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Италијански експерти ги обучуваат воздухопловните единици на МВР според европски стандарди

23/04/2026

Во периодот од 20 до 24 Април во Центарот за обука – Идризово, припадниците на Одделот за воздухопловни единици при

ЗА СЕКОЈ ДЕНАР АКЦИЗА ОД ТУТУН, ДРЖАВАТА ПЛАЌА СКОРО 4 ДЕНАРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ Македонија е

23/04/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, на кој ги презентираше новините

Сообраќаен хаос на обиколница кај Скопје: Тешка несреќа и километарски колони

23/04/2026

Голем сообраќаен метеж денеска е забележан на скопската обиколница, особено во делот кај Стајковци и Смилковско Езеро, каде што поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy