Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 10 ДЕНА ПО ТРАГЕДИЈАТА: Остатоци од подморницата Титан извлечени од океанот
Македонија

10 ДЕНА ПО ТРАГЕДИЈАТА: Остатоци од подморницата Титан извлечени од океанот

28/06/2023

AA

Остатоци од подморницата Титан, која се распадна на дното на Атлантикот на пат кон потонатиот брод Титаник, се исфрлени на брегот во Канада, 10 дена по трагедијата.

Огромни парчиња метал утрово беа истоварени од бродот „Хоризонт Арктик“ на пристаништето на канадската крајбрежна стража во Сент Џонс, Њуфаундленд, пишува „Дејли мејл“.

Тие брзо беа покриени со големи церади, пред да бидат кренати на камиони со кранови и однесени за понатамошна проценка. Камерите снимија голем, бел дел од заоблен метал, како и дел полн со кабли и други механички делови.

Да потсетиме, по комплицирана мисија за пребарување и спасување, остатоците од подморницата беа откриени на морското дно минатиот четврток, кога беше објавено дека капсулата доживеала ‘катастрофална имплозија’, во која загинаа сите пет патници.

Американската крајбрежна стража започна истрага за причината за подводната експлозија што го уништи Титан.

Експертите постојано укажуваат на стравувањата за безбедноста и истакнуваат дека бродот не е погоден за огромните длабочини до кои патувал. Критичарите рекоа дека неговиот труп од јаглеродни влакна не е погоден за намената.

Крајбрежната стража соопшти дека формирала Поморски истражен одбор (MBI), највисокото ниво на истрага што телото може да го преземе.

Да потсетиме, полето со отпад беше пронајдено минатата недела на морското дно, на околу 500 метри од лакот на Титаник, кој е речиси четири километри под површината на океанот.

Канада, која помогна во потрагата по подморницата, во саботата соопшти дека спроведува сопствена истрага.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy