Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зошто првенец на генерација на Факултет за безбедност со просек 9,93 е одбиен од МВР? – Стојановиќ аплицирал за вработување во 2021, сега доби одговор НЕ!
Македонија

Зошто првенец на генерација на Факултет за безбедност со просек 9,93 е одбиен од МВР? – Стојановиќ аплицирал за вработување во 2021, сега доби одговор НЕ!

27/06/2023

AA

Зошто првенец на генерација на Факултет за безбедност со просек 9,93 е одбиен од МВР?

Александар Стојановиќ на својот Фејсбук профил објави дека иако аплицирал за работа во Министерството за внатрешни работи во 2021 година, дури сега (две години подоцна) добил негативен одговор.

Тој прашува зошто како првенец на генерација на Факултет за безбедност со просек 9,93 и чисто минато е одбиен за работа како извршител со високо образование од областа на безбедноста.

Во продолжение неговиот Фејсбук статус:

„Поминаа скоро две години откако аплицирав за вработување во Министерството за внатрешни работи, како извршител со високо образование од областа на безбедноста. Документите ги поднесов на 03.08.2021, за пред некој ден, на 23.06.2023 година, да добијам одговор дека НЕ сум избран за натамошна постапка за вработување во МВР, при што документите ми беа вратени на домашна адреса.

И се запрашав зошто сум одбиен? Дали е поради тоа што сум преквалификуван за да работам во МВР или во било која друга безбедносна служба во земјава?

Се запрашав како може првенец на генерација на Факултет за безбедност – Скопје, со просечен успех од 9.93, со кристално чисто минато, да биде одбиен?

Се запрашав како може системот толку да потфрли и да не ги регрутира по автоматизам ваквите професионални кадри, кои макотрпно и деноноќно вложувале труд и се жртвувале за своето професионално и стручно усовршување?

За жал, сведоци сме на една апокалиптична општествена деградација, каде вистинските вредности и доблести веќе не се применуваат, каде владее состојба на аномија и социјално безредие. За наша несреќа, живееме во општество кое самото од себе генерира институционален криминал, каде неуките им ги земаат местата на оние кои вложиле во своето образование, каде стручноста и професионалноста се заменуваат со нестручност и непрофесионалност.

Сведоци сме на разни форми на корупција, непотизам, кронизам, партиски полтронизам и други срамни форми на уривање на здравиот општествен поредок.

Многу сум тажен што морам ова да го кажам, меѓутоа во последниве десетина години, а сигурно и повеќе, МВР и останатите безбедносни служби во Македонија функционираат врз принципот на функционирање на мали семејни и пријателски компании, при што одредени поединци ги сфаќаат овие институции како можност за вработување на своите роднини, пријатели и верни партиски послушници.

Но едно нешто мора да биде јасно, доколку продолжи овој тренд на уништување, криминализирање и депрофесионализација на институциите, тогаш дефинитивно сме осудени на пропаст.

Што направија сите оние кои досега беа и кои се уште се на власт? За жал ништо, единствено нешто во кое имаа успех е протерувањето на сите млади и способни интелектуалци од државата. Дозволија земјава да ја напуштат многу млади доктори, економисти, архитекти, електро инженери, машински инженери, правници, безбедњаци и уште многу други млади луѓе од сите останати струки. А што оставија за нас? Оставија пустош, квази научници, квази министри, квази функционери, квази професорчиња, квази општество.

Не го пишувам ова за да добијам внимание и вработување, не, тоа повеќе не ми е потребно, бидејќи како професионалец успеав да се вградам во приватниот безбедносен сектор. Го пишувам ова поради револт и незадоволство од институционалниот систем, од луѓето кои се на чело на институциите, од неправдата која им е нанесена на младите генерации. Го пишувам ова со цел сите луѓе да ја слушнат вистината.
Oliver Spasovski Каде заминаа ветувањата кои како министер за внатрешни работи ни ги дадовте на првиот академски час на Факултет за безбедност – Скопје, пред скоро 7 години, на 15.09.2016 година? Не знам дали се сеќавате, но рековте дека најдобро рангираните 5 студенти по просек од Факултет за безбедност – Скопје, ќе бидат директно вработени во МВР и во останатите безбедносни служби во земјава. Времето докажа дека тоа се само празни зборови и дека реалноста е дијаметрално спротивна. Не само што првите 5 најдобро рангирани не се вработени, туку и првиот најдобро рангиран не е вработен. Срамно и понижувачки.

Nikola.Dujovski За жал ги претворивте дипломираните криминалисти во костуми на закачалки, бидејќи очигледно ни вие, а ниту безбедносните институции, не сакате истите да ги ставите во употреба. Зошто? Бидејќи помеѓу тие костуми има многу млади и храбри луѓе, кои се подготвени за промени и кои си ја сакаат земјата, чија цел не е збогатување и кои не се водени од егоистични побуди.
Со нетрпение ги очекувам вашите одговори“, напиша тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy