Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО ОПАЃА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА МЕЃУ ЕУ И КИНА?! – Европа лани увезла значително помалку производи
Економија

ЗОШТО ОПАЃА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА МЕЃУ ЕУ И КИНА?! – Европа лани увезла значително помалку производи

05/03/2024

AA

Во текот на измината 2023 година вредноста на трговската увозна зависност на земјите од Европската унија од производи од Кина значително опаднала. 

Како што покажуваат податоците на „Евростат“, трговскиот дефицит на стоки на ЕУ со Кина во текот на изминатата година изнесувал 291 милијарди евра, што било за 106 милијарди евра пониско во споредба со 2022 година. Статистичиарите посочуваат дека разликата во увозот е намален за високи 27 проценти.

– Помеѓу 2013 и 2023 година, трговскиот дефицит на ЕУ со стоки со Кина варира помеѓу 104 милијарди евра во 2013 година и 397 милијарди евра во 2022 година, што е највисока вредност во деценијата – се посочува во соопштението на „Евростат“.

Во 2023 година, Кина беше најголемиот ЕУ партнер за увоз на стоки, при што кинеските производи опфаќаа високи 20,5 отсто од вкупниот увоз на производи надвор од ЕУ. Истовремено, Кина беше третиот најголем партнер за извоз на стоки од ЕУ, при што во Кина од унијата беа извезени 8,8 проценти од вкупнот извоз на продукти надвор од ЕУ.

– Кога станува збор за најувезените производи од Кина, телекомуникациската опрема е прва, иако таа се намали од 63,1 милијарди евра во 2022 година на 56,3 милијарди евра во 2023 година. Електрични машини и апарати достигнале вредност од 36,5 милијарди евра, додека машините за автоматска обработка на податоци биле увезени во вредност од 36 милијарди евра, со што се најдоа на второто и третото место на најувезувани продукти во ЕУ – се појаснува во соопштението на „Евростат“. 

Од статистичкиот центар појаснуваат дека моторните автомобили и моторните возила забележаа најголем пораст на увозот, и тоа 3,5 милијарди евра, што е за 36,7 отсто повеќе од 2022 година. 

Спротивно на нив, органско-неорганските и сродните соединенија, кои се користат како катализатори во хемиските реакции, забележаа најголемо намалување, од дури 13 милијарди евра, што е за 45,4 проценти помалку отколку во 2022 година, појаснуваат од „Евростат“.

П.О.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy