Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во коментар за пренесувањето на посмртните останки на Самуил во Бугарија
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во коментар за пренесувањето на посмртните останки на Самуил во Бугарија

03/10/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самуил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање како го коментира прашањето за преносот на посмртните останки и дали ваквиот потег може да има одредени импликации во односите на Македонија со Грција и со Бугарија, Мицкоски рече дека прашањето треба да се гледа низ призма на Бледскиот договор.

– Јас тоа го коментирам во насока на Бледскиот договор којшто е постигнат веднаш после капитулацијата на фашистичка Бугарија, којашто ја има, би рекол, окупирано за време на Втората светска војна територијата на денешна Македонија. Некој тоа го вика „администрирање“ од политичарите, за среќа што се поранешни политичари, односно поранешни политичари на функции, значи сè уште активни во опозицијата преку совети на раководствата во опозицијата, си имаат свои кукли таму и си ги раководат – изјави Мицкоски по увид на градежни активности на мостот што се гради на улица „Љубљанска“ во Карпош.

Во однос на посмртните останки истакна дека тој би се вратил неколку децении назназад кога во Скопје беа донесени останките на македонскиот великан Гоце Делчев.

– Што се однесува до пренесувањето на моштите, јас би се вратил назад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев, како резултат на тој Бледски договор, се донесени во Скопје. И тоа е нешто што треба нас како Македонци да нè прави горди, затоа што моштите на тој великан, којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет – нагласи премиерот.

Мицкоски изрази жалење што, според него, малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и она што било договорено со него.

– И штета што малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сè она коешто таму е договорено, а тоа не е така оддамна, тоа е пред неколку децении. Ќе повторам, после капитулацијата на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна, којашто, ќе повторам, во тоа време ја окупирала територијата на денешна Македонија – нагласи Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери

14/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата

14/10/2026
Македонија

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е

14/10/2026
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА СО ФБИ Кривична за 20-годишник

14/10/2026
Македонија

АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА

14/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ЈА ПОКАНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ТИМОТ ШТО ЌЕ ВОДИ ДИЈАЛОГ

14/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ТРОЈЦА СКОПЈАНИ Со закани и уцени барале 10.000

14/10/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП! Активиран е сајтот

14/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46167
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДРАМАТИЧНА БРКОТНИЦА СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ЃОРЧЕ Дилери му одзеле пиштол на полицаец,

14/10/2026

Полицијата поднесе кривични пријави против 3 лица за сторени кривични дела Спречување службено лице во вршење службено дејствие и Неовластено

БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА НА МАКЕДОНИЈА Екстрадицијата на свој граѓанин може да

14/10/2026

Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова на Македонија, за која вчера Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, откако

АПАСИЕВ СЕ ФАТИ ЗА БАЏАНАКОТ, МИЦКОСКИ ГО ОБВИНИ ДЕКА Е КУКАВИЦА И КЛЕВЕТНИК Жестока препирка

14/10/2026

Размена на обвинувања и меѓусебни прозивки имаше денеска на собраниската седница за опозициски пратенички прашања меѓу премиерот Христијан Мицкоски и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy