УАПСЕН БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН НА ГП „БОГОРОДИЦА“ Имал фалсификувани документи
Бугарски државјанин е уапсен на граничниот премин „Богородица“ поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 2 октомври во 09:50 часот, полициски службеници го лишиле од слобода И.А.И. (58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
За случајот бил известен јавен обвинител, а бугарскиот државјанин бил предаден во Полициската станица Гевгелија.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
.
Извор: plusinfo.mk