Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД ПОРАКИТЕ НА УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН „Ние мора да го вратиме она што квислинзите го распродале“
Македонија

МИЦКОСКИ НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД ПОРАКИТЕ НА УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН „Ние мора да го вратиме она што квислинзите го распродале“

03/10/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја оцени вчерашната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен како исклучително пријателска, корисна и содржајна, нагласувајќи дека таа можеби ќе биде клучна за некои процеси во иднина, иако како што рече – не е задоволен од пораките во однос на уставните измени.

– Средбата би ја оценил како исклучително пријателска, корисна, содржајна и ценам дека можеби и ќе биде клучна за некои процеси во иднина. Тие процеси очекувам да почнат веќе следната недела, откако веќе Министерството за надворешни работи и надворешна трговија достави барање до колегите од нашиот источен сосед за билатерална средба. Од друга страна, не можам да кажам дека сум задоволен од пораките коишто ги испрати претседателката. Таа јасно кажа дека стои на маса промената на Уставот, работа којашто е прифатена од претходната влада – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по извршениот увид на градежни активности на мостот што се гради на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Тој ја обвини претходната коалиција предводена од СДСМ и ДУИ дека во отсуство на креативност и предлози за надминување на состојбата, се обидува „преку лаги и измислици“ да испраќа пораки дека актуелната Влада ќе ја промени преговарачката рамка.

Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи со активностите и порача, но како што додаде потребно е време и трпение.

– Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. И уште многу работи ќе направиме што тие не можат ниту во најдобриот сон да ги замислат. Само треба време и трпение. Ова се процеси кога имате квислинзи коишто распродаваат и патриотска влада којашто си ја сака државата и којашто треба да го врати тоа што квислинзите го распродале. Зборувам за СДСМ, овие од ДУИ тоа не ги интересирало ниту пак имале било какви чувства кога постигнувале договор за Македонија – рече премиерот.

Според Мицкоски, пораките од Фон дер Лајен сепак создаваат чувство на охрабрување, особено пораката дека личниот ангажман на Владата и споредбата на реформите покажуваат дека земјава е најдобра во регионот.

– Постепената или градуална интеграција е исто така шанса за нас. Сето ова нè охрабрува и нè мотивира да продолжиме по патот на реформите во периодот којшто следи. Јас во ноември месец двапати имам закажано патување во Брисел, првиот кај еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, вториот е настан оној регионален самит којшто го имаме со Европската Унија и Западен Балкан. Така што, ќе се бориме. Нема предавање, ќе се бориме, не е лесно, премногу испопродадоа овие претходно, премногу испоуништија, премногу испокрадоа, но не се откажуваме. Украденото ќе го вратиме, тоа што е распродадено ќе се бориме да го повратиме. Тоа е задачата на оваа генерација – истакна премиерот.

Во однос на најавената билатерална средба со бугарската страна, на новинарско прашање дали има повратна информација и што очекува од средбата, како и што би се случило доколку таа биде одбиена, Мицкоски рече дека во таков случај „уште еднаш ќе се потврдат сите оние тези коишто ние ги имаме и за што сме загрижени“, но додаде дека не го очекува тоа.

– Не очекувам, не би било паметно да одбијат, но во ред, тоа е нивна суверена одлука, не е тоа наша одлука. Јас добив, би рекол, конструктивен совет од страна на претседателката, да го замолам министерот за надворешни работи и надворешна трговија да побара средба на маргините на состанокот повод Коридорот 8. Јас тоа го сторив, бидејќи ценам дека претседателката апсолутно беше во право кога го предложи тоа. Министерот побара, сега останува на нашиот источен сосед да одлучи што понатаму – истакна Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy