Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОСКИТЕ НА САМОИЛ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА ОСТРОВОТ „СВЕТИ АХИЛ“, ОД КАДЕ БЕА ОТКОПАНИ Остри критики за „трговијата со историја“ во Бугарија и во Грција
Македонија

КОСКИТЕ НА САМОИЛ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА ОСТРОВОТ „СВЕТИ АХИЛ“, ОД КАДЕ БЕА ОТКОПАНИ Остри критики за „трговијата со историја“ во Бугарија и во Грција

03/10/2026

AA

Размената на посмртните останки на цар Самоил за артефакти од Првата светска војна кои и припаѓаат на Грција отвори контроверзи и наиде на жестоки реакции во двете земји.

Бугарскиот историчар Александар Стојанов отворено критикува дека овој настан се користи за предизборен политички маркетинг, во функција на внатрешно-политички цели пред претседателските избори во октомври 2026 година

„Медиумската возбуда и фрка околу враќањето на наводните останки на цар Самуил во Бугарија од страна на Грција ќе нè преплави во следните неколку дена. Погребувањето на Самуил на островот Свети Ахил не е 100-процентна историска вистина, туку сепак останува хипотеза, заснована врз толкувањето на наодите и дополнителното замаглување на изворите. Ова нема да спречи дивиот патриотизам да беснее во нашата земја, односите со Македонија да достигнат нов крешендо, а премиерот Радев и претседателот да се наречат ‘обновувачи на бугарското историско наследство’ во пресрет на октомвриските избори. Општо земено, ова е уште една трагикомедија.“ – напиша на својот фејсбук-профил Стојанов.

Горан Благоев, бугарски историчар и автор на документарниот филм „Островот на цар Самоил“, не ја прифаќа националната еуфорија околу „враќањето на моштите на Самуил“ и прави суштинска забелешка: „Грција не ги „враќа“, туку ги „дава“ останките“.

Во објава на својот Фејсбук профил Благоев нагласува дека не може некритично да ја сподели сенародната еуфорија и го нарече „политички цинизам“ тргувањето со коските на цар Самуил. Тој смета дека ако бугарската држава навистина се води од историските аргументи, тогаш требало да инсистира коските да бидат повторно погребани на нивното автентично место – во базиликата „Свети Ахил“ на Преспанското Езеро каде што беа пронајдени, а не да бидат транспортирани за Софија.

Бугарскиот историчар д-р Кристијан Ковачев на 2 октомври 2026 во интервју за Радио Благоевград отворено кажа дека научната идентификација на останките на царот Самуи не е целосно завршена, нагласувајќи дека „треба да се прави разлика меѓу „националниот расказ“ и „научните дискусии“. Тој смета дека е научно попрецизно засега да се зборува за „наводните останки на цар Самуил“.

„Подготовките за префрлање на останките се избрзани и без доволни консултации со академската заедница. Овој договор со Грција договорот има и политичка димензија, поврзана со односите меѓу Софија, Атина и Скопјe. Се надевам дека тоа нема да доведе до дополнителни тензии меѓу Бугарија и Македонија. Научно е поточно да се зборува за наводните останки на Самуил, сѐ додека не се направат дополнителни анализи. “– изјави Ковачев.

Грчки критичари прашуваат дали е прифатливо археолошки материјал откриен на грчка територија да биде ставен во истата категорија со предмети однесени во Бугарија во 1917 година.

Грчкиот археолог Михалис Лихунас јавно реагираше против договорот зашто смета дека археолошки наоди не треба да се третираат како предмети на дипломатска размена. Тој договорот го оцени и како „национално предавство и непоправлива штета врз етиката на законските размени“.

Поранешниот грчки министер за култура Костас Џаварас го оцени договорот меѓу Бугарија и Грција како „катастрофален“. Џаварас, кој бил грчки заменик-министер за култура во периодот 2012–2013, и учествувал во претходните преговори со Бугарија, тврди и дека археологот Николаос Муцопулос ги предал останките на Самуил под услов тие да не бидат дадени на Бугарија додека не бидат вратени сите украдени реликвии.

Грчките ммедиуми известуваат за негастивни реакции од археолозите, како и од црковни и политички кругови, при што се изнесуваат политички критики, прашања за тоа дали воопшто било консултирано Централното археолошко советодавно тело и дали останките воопшто се третираат како археолошки материјал.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

05/10/2026
Македонија

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат

05/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски

05/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ

05/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
Македонија

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше

05/10/2026
Македонија

СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО ЧЕТВРТОК, ОД ПЕТОК ВРНЕЖИ Потоа следува

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45993
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА Зошто во документот се најде

05/10/2026

Сите кои тврдат дека нема никаква закана, нека ја отворат преговарачката рамка, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека во неа

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат почитување на идентитетот на сите

05/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека прашањето околу евроинтеграциите на Македонија и условувањата поврзани со Бугарија не може да се квалификува

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски бара трипартитен разговор со претставник

05/10/2026

Македонија и Бугарија најпрво треба да седнат на иста маса и отворено да ги соочат аргументите, а потоа билатералниот дијалог

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy